МАРОКО

МАРОКО, Маракеш-Рабат-Фес-Казабланка

4.9 (361 рецензии)
7 ноќи
Авионски Патувања
Маракеш-Рабат-Фес-Казабланка

Галерија

Опис на Патувањето

Патување низ боите на МАРОКО – каде што пустината се спојува со океанот.

Една земја. Илјада бои. Безброј спомени. Тргнете на незаборавно патување низ Мароко – земја каде ориенталната магија, богатата историја и природните контрасти создаваат искуство што се памети цел живот. Прошетајте низ живописните улици на Маракеш, откријте ја елеганцијата на Рабат, почувствувајте го духот на древниот Фес и уживајте во модерниот шарм на Казабланка. Од мирисот на егзотичните зачини и шарените пазари, до величествените палати, пустинските хоризонти и бреговите на Атлантскиот Океан – секој момент е нова приказна, а секој град открива поинакво лице на Мароко. Подгответе се за авантура исполнета со бои, вкусови и спомени што ќе останат со вас долго по враќањето дома.




    • Промотивна цена за уплата до 22.05.2026: 1490 € (92.380 ден.)
    • Цена на аранжманот: 1590 € (98.580 ден.)
    • (плаќање во денарска противвредност)




НАПОМЕНИ:
      • -За потврда на резервацијанеопходна e задолжителна уплата од 500 € (31.000 ден.) најдоцна до 22.05.2026. Втора рата до 22.06.2026, трета рата до 22.07.2026. Целосна доплата на аранжманот до 20.08.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
      • -За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патниции


Распоред по Денови

1

22.09.2026 (вторник) → СКОПЈЕ- ВИЕНА - МИНХЕН - МАРАКЕШ

Состанок на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Виена во 12:35, пристигнување во 14:10 часот. Лет за Минхен во 19:55, пристигнување во 20:55 часот. Продолжување за Маракеш во 22:15, со пристигнување во 01:10 часот по локално време. Организиран трансфер и сместување во хотел Grand Plaza Marrakech 4*. Ноќевање.

2

23.09.2026 (среда) → МАРАКЕШ

Појадок. Целодневен разглед на Маракеш, еден од најживописните градови на Мароко. Посета на џамијата Koutoubia, прекрасната Bahia Palace, историските Саадски гробници и познатите Majorelle Gardens, поврзани со дизајнерот Yves Saint Laurent. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка низ медината и традиционалните пазари на Маракеш. Ноќевање.

3

24.09.2026 (четврток) → МАРАКЕШ - ПУСТИНА АГАФАЈ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или користење на СПА центарот во хотелот. Попладне – екскурзија до пустината Агафај, со прекрасни погледи кон планините Атлас. Можност за јавање камили и традиционален чај од нане во берберски шатор. Враќање во Маракеш. Слободно време за вечера. Ноќевање.

4

25.09.2026 (петок) → МАРАКЕШ - РАБАТ

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Рабат, главниот град на Мароко. Разглед на градот со посета на древната Chellah, живописната Oudayas Kasbah, позната по сино-белите улички и андалузиските градини, како и Hassan Tower и Мавзолејот на Мохамед V. Сместување во хотел Onomo Hotel Rabat Terminus 4*. Ноќевање.

5

26.09.2026 (сабота) → РАБАТ - ФЕС

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Фес, поранешна престолнина и духовен центар на Мароко. Пристигнување и сместување во хотел Barceló Fès Medina 4*. Слободно време за прошетка низ модерниот дел на градот. Ноќевање.

6

27.09.2026 (недела) → ФЕС

Појадок. Целодневен разглед на Фес, познат како „музеј на отворено“. Посета на медресите Al-Attarine и Bou Inania, историскиот Al-Qarawiyyin, познатите традиционални штавници за кожа и плоштадот Сефарин. Слободно време за прошетка низ медината и традиционалните пазари. Вечерта – организирана вечера во локален ресторан со музика. Ноќевање.

7

28.09.2026 (понеделник) → ФЕС - КАЗАБЛАНКА

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Казабланка, најголемиот град и економски центар на Мароко. Сместување во хотел Barceló Casablanca 4*. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

8

29.09.2026 (вторник) → КАЗАБЛАНКА - МАРАКЕШ

Појадок. Разглед на Казабланка со посета на величествената џамија Hassan II, квартот Habous, плоштадот Mohammed V и прошетка по атлантското крајбрежје. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови – организиран трансфер до аеродромот во Маракеш.

9

30.09.2026 (среда) → МАРАКЕШ - МИНХЕН - ВИЕНА - СКОПЈЕ

Полетување за Минхен во 02:00 часот, пристигнување во 06:40 часот. Лет за Виена во 08:00, пристигнување во 09:05 часот. Полетување за Скопје во 10:20 часот, со пристигнување во 11:50 часот.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авионски билет: Скопје-Виена-Минхен-Маракеш-Минхен-Виена-Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
Сите трансфери вклучени во програмата
3 ноќевања со појадок во хотел во Le Kech Boutique Hotel &Spaво Маракеш
1 ноќевање со појадок во хотел во Onomo Hotel Rabat Terminus во Рабат
2 ноќевања со појадок во хотел во Barcelo Fes Medina во Фес
1 ноќевање со појадок во хотел во Barceló Casablanca во Казабланка
1 вечера во ресторан во Фес
Сите разгледи, посети, влезници вклучени во програмата со организиран трансфер
Лиценциран туристички водич
Лиценциран туристички придружник

Не е Вклучено

Доплата за еднокреветна соба – 370 €
Виза за Мароко и услуга за визирање - 80 €
Бакшиши за локални водичи и возачи - 40 €
Туристичка такса - 930 ден. (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување
€1,590 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации