Патување низ боите на МАРОКО – каде што пустината се спојува со океанот.
Една земја. Илјада бои. Безброј спомени. Тргнете на незаборавно патување низ Мароко – земја каде ориенталната магија, богатата историја и природните контрасти создаваат искуство што се памети цел живот. Прошетајте низ живописните улици на Маракеш, откријте ја елеганцијата на Рабат, почувствувајте го духот на древниот Фес и уживајте во модерниот шарм на Казабланка. Од мирисот на егзотичните зачини и шарените пазари, до величествените палати, пустинските хоризонти и бреговите на Атлантскиот Океан – секој момент е нова приказна, а секој град открива поинакво лице на Мароко. Подгответе се за авантура исполнета со бои, вкусови и спомени што ќе останат со вас долго по враќањето дома.
Состанок на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Виена во 12:35, пристигнување во 14:10 часот. Лет за Минхен во 19:55, пристигнување во 20:55 часот. Продолжување за Маракеш во 22:15, со пристигнување во 01:10 часот по локално време. Организиран трансфер и сместување во хотел Grand Plaza Marrakech 4*. Ноќевање.
Појадок. Целодневен разглед на Маракеш, еден од најживописните градови на Мароко. Посета на џамијата Koutoubia, прекрасната Bahia Palace, историските Саадски гробници и познатите Majorelle Gardens, поврзани со дизајнерот Yves Saint Laurent. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка низ медината и традиционалните пазари на Маракеш. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или користење на СПА центарот во хотелот. Попладне – екскурзија до пустината Агафај, со прекрасни погледи кон планините Атлас. Можност за јавање камили и традиционален чај од нане во берберски шатор. Враќање во Маракеш. Слободно време за вечера. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Рабат, главниот град на Мароко. Разглед на градот со посета на древната Chellah, живописната Oudayas Kasbah, позната по сино-белите улички и андалузиските градини, како и Hassan Tower и Мавзолејот на Мохамед V. Сместување во хотел Onomo Hotel Rabat Terminus 4*. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Фес, поранешна престолнина и духовен центар на Мароко. Пристигнување и сместување во хотел Barceló Fès Medina 4*. Слободно време за прошетка низ модерниот дел на градот. Ноќевање.
Појадок. Целодневен разглед на Фес, познат како „музеј на отворено“. Посета на медресите Al-Attarine и Bou Inania, историскиот Al-Qarawiyyin, познатите традиционални штавници за кожа и плоштадот Сефарин. Слободно време за прошетка низ медината и традиционалните пазари. Вечерта – организирана вечера во локален ресторан со музика. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Казабланка, најголемиот град и економски центар на Мароко. Сместување во хотел Barceló Casablanca 4*. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.
Појадок. Разглед на Казабланка со посета на величествената џамија Hassan II, квартот Habous, плоштадот Mohammed V и прошетка по атлантското крајбрежје. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови – организиран трансфер до аеродромот во Маракеш.
Полетување за Минхен во 02:00 часот, пристигнување во 06:40 часот. Лет за Виена во 08:00, пристигнување во 09:05 часот. Полетување за Скопје во 10:20 часот, со пристигнување во 11:50 часот.