ГРЦИЈА

ГРЦИЈА, Санторини

4.9 (224 рецензии)
4 ноќи
Автобуски патувања
Санторини

Галерија

Опис на Патувањето

САНТОРИНИ – најромантичниот остров на Грција

Еден остров. Илјада причини да се вљубите. Санторини ве очекува со спектакуларни зајдисонца, бело-сина архитектура, вулкански пејзажи, кристално чисто море и незаборавни панорами. Прошетајте низ Фира и Иа, откријте ја мистеријата на Акротири, запловете до вулканските островчиња и создадете спомени што ќе ги раскажувате долго по враќањето дома.




  • Промотивна цена за уплата на минумум 50% до 01.08.2026: 339 € (20.990 ден.)
  • Цена на аранжманот: 379 € (23.500 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)




ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

  • Целодневен излет низ Санторини (копнена тура; автобус + водич) → 45 € (по лице)
  • Крстарењето со брод (трансфер + брод + водич) → 45 € (по лице)
  • Посета на винаријата (трансфер+резервација+влезница+дегустација на вина) → 30 € (по лице)




ДОПЛАТИ :

  • •Доплата за еднокреветна соба → 55 €
  • •Прво дете до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – само превоз + брод → 140 €
  • •Второ дете до 11,99 години со 2 возрасни лица → плаќа 75% од цената за возрасен
  • •Туристичката такса 3 € (по лице на ден) се плаќа на лице место




НАПОМЕНИ:

  • - За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • - Комплетна уплата на аранжманот треба да се реализира најкасно 10 дена пред поаѓање;
  • - Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • - Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Р.Грција, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и нема обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до градовите од каде што се патниците.
  • - Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • - Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

Распоред по Денови

1

03.09.2026 (четврток) → БИТОЛА

Состанок на Градската автобуска станица во Битола во 16:45 часот. Поаѓање во 17:00 часот преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини и Ламиа. Ноќно и дневно патување со попатни одмори.

2

04.09.2026 (петок) → ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Трансфер до пристаништето во 06:30 часот и поаѓање со траект за Санторини во 07:30 часот. Пристигнување околу 15:30 часот, сместување во хотел и слободно време за одмор или плажа во Периса. Во вечерните часови – прошетка низ Фира, главниот град на Санторини, со можност за ноќно фотографирање. Враќање во Периса. Ноќевање.

3

05.09.2026 (сабота) → САНТОРИНИ

Појадок. Можност за факултативен целодневен излет низ Санторини. Посета на археолошкиот локалитет Акротири, познатата Црвена плажа и Профитис Илиас, највисоката точка на островот со истоимениот манастир. Продолжуваме кон Фира и прошетка по Калдерата до Фиростефани. Во доцните попладневни часови – посета на живописната Иа (Oia) и уживање во еден од најпознатите залези на Санторини. Враќање во хотел. Ноќевање.

4

06.09.2026 (недела) → САНТОРИНИ

Појадок. Слободно време или можност за факултативно крстарење. Посета на вулканскиот остров Неа Камени со можност за искачување до активниот кратер (доплата 2,5 € на лице место). Продолжуваме кон Тирасија, со слободно време за кафе или ручек, а потоа кон Палиа Камени со можност за капење во термалните води. Пловидба покрај Калдерата со поглед кон Иа и Фира. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

5

07.09.2026 (понеделник) → САНТОРИНИ

Појадок. Можност за факултативна посета на Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, уникатен подземен музеј на виното со приказ на историјата и традицијата на производство на вино на Санторини. Околу пладне – посета на Имеровигли, еден од најубавите и најлуксузни делови на островот, и прошетка до Скарос, каде некогаш се наоѓал венецијански замок. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Вечерта, по желба – посета на Камари. Враќање околу 23:30 часот. Ноќевање.

6

08.09.2026 (вторник) → САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА

Појадок и слободно време до одјавувањето од хотелот. Поаѓање кон Фира и време за последна прошетка низ градот. Во 14:00 часот – трансфер до пристаништето и поаѓање со траект кон Пиреа. Пристигнување во Пиреа околу 23:30 часот и поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови наредниот ден.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Автобуски превоз на горенаведената релација;
4 Н/П во хотел со 4* во Периса (ILIADA & ODYSSEA RESORT; https://www.iliadasantorini.gr/) ;
Трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа;
Трансфер со автобус од пристаниште во Санторини–хотел–пристаниште;
Fira by night (ноќна посета на Фира)
Посета на ИМЕРОВИГЛИ (за тие патници кои ќе се пријават за посета на винаријата)
Посета на Камари
ТРАНСФЕР на патници БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Прилеп, Велес и Скопје
Пратител на група, организација-водство и реализација на аранжманот.

Не е Вклучено

Факултативните излети, посети и влезниците при посета на културно-историските споменици
Патничкото осигурување
€339 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации