ПУЉА – Италијанска бајка меѓу белите градови и тиркизниот Јадран.
Откријте ја магијата на најсончевиот дел од Италија – регионот Пуља, каде белите градови, драматичните карпи, кристално чистото Јадранско Море и богатото културно наследство создаваат незаборавна приказна. Прошетајте низ барокниот Лече, романтичниот Полињано а Маре, живописниот Монополи, белиот Остуни, историскиот Бари и бајковитиот Алберобело со неговите уникатни трули. Дополнете го доживувањето со магичната Матера и шармантниот Отранто – патување исполнето со медитерански вкусови, автентична архитектура и пејзажи што изгледаат како разгледница.
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ :
Минималниот број на патници за изведување на факултативата е 25.
ДОПЛАТИ:
Состанок на Градската автобуска станица во Битола во 13:30 часот. Поаѓање за Албанија во 14:00 часот, преку Охрид, Струга и Елбасан. Пристигнување во Драч околу 19:30 часот. Трансфер на фери брод околу 21:00 часот и испловување за Италија во 23:00 часот. Ноќевање на брод.
Пристигнување во Бари околу 08:00 часот. По завршување на царинските и пасошките формалности, поаѓање кон Матера, еден од највпечатливите историски градови во Италија и дел од светското наследство на УНЕСКО. Прошетка низ познатите Sassi di Matera – древните пештерски населби по кои градот е препознатлив. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжување кон регионот Пуља и туристичкото место Торе Дел Орсо. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Можност за факултативен излет до Лече и Отранто. Посета на Лече, познат како „Фиренца на југот“, препознатлив по уникатната барокна архитектура, старите плоштади, палати и историски градби. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Продолжуваме кон Отранто, најисточниот град во Италија. Прошетка низ стариот град и можност за посета на Катедралата во Отранто и Арагонскиот замок, со прекрасни погледи кон Јадранското Море. Слободно време за разглед или ручек. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Ноќевање.
Појадок. Целодневна посета на три од најубавите места во Пуља. Прва станица е Полињано а Маре, познат по белите куќи изградени на карпи над Јадранското Море и прекрасната плажа Lama Monachile. Продолжуваме кон Монополи, со прошетка низ стариот град, старото рибарско пристаниште, средновековните улички и Катедралата. За крај – Остуни, „Белиот град“, препознатлив по белите куќи, тесните улички и средновековниот стар град. Слободно време за индивидуален разглед. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Алберобело, познат по уникатните трули – традиционални камени куќички со конусни покриви, под заштита на УНЕСКО. Слободно време за прошетка низ Rione Monti и Rione Aia Piccola, најпознатите делови на Алберобело. Продолжуваме кон Бари. Прошетка низ Bari Vecchia, историскиот центар на градот, посета на Базиликата San Nicola, каде се чуваат моштите на Св. Никола, и прошетка по крајбрежјето Lungomare Imperatore Augusto. Слободно време за индивидуални активности. Состанок на групата во 19:00 часот и трансфер до пристаништето. Испловување од Бари околу 23:00 часот. Ноќевање на брод.
Пристигнување во Драч околу 08:00 часот. Поаѓање за Македонија преку Тирана, Елбасан, г.п. Ќафасан и Струга, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во раните попладневни часови.
Може да ве Интересира