Земјата на изгрејсонцето. Безвременска традиција. Иднина што веќе пристигнала.
Доживејте ја Јапонија – земја каде древните храмови и светилишта живеат во совршена хармонија со футуристичките облакодери, брзите возови и најмодерната технологија. Од динамичните улици на Токио и спектакуларниот поглед кон величествената планина Фуџи во Хаконе, до историските богатства на Кјото, живописната Осака, мирната Хирошима и магичната Нара со нејзините слободни елени – секоја дестинација открива ново лице на оваа фасцинантна земја. Прошетајте низ бамбусовите шуми, посетете храмови стари повеќе од илјада години, искусете го патувањето со легендарниот Shinkansen и уживајте во автентичната јапонска култура, гастрономија и гостопримство. Ова не е само патување – ова е авантура што ги спојува традицијата, природата и иднината во едно незаборавно искуство.
Состанок на аеродромот во Скопје во 18:00 часот. Полетување за Истанбул во 20:15, пристигнување во 22:45 часот. Лет за Токио во 02:05 часот.
Пристигнување во Токио во 19:10 часот. Организиран трансфер и сместување во хотел Sotetsu Grand Fresa Takadanobaba 3* или сличен. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Целодневен разглед на Токио: Асакуса и храмот Sensō-ji, прошетка по познатата улица Nakamise, посета на Tokyo Skytree со панорамски поглед на градот и Кралската палата. Денот го завршуваме кај легендарната Shibuya раскрсница и статуата на Hachiko. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Посета на Meiji Shrine, едно од најпознатите шинто светилишта во Токио. Продолжуваме кон модерните квартови Harajuku и Omotesando, познати по модата, продавниците и урбаниот живот. Попладне – слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. Целодневен излет до Хаконе, познат по природните убавини и погледот кон планината Фуџи. Посета на Hakone Shrine, езерото Ashi и вулканската долина Owakudani, позната по геотермалните извори и традиционалните „црни јајца“. Возење со жичарница со панорамски поглед кон областа и, доколку дозволат временските услови, кон Фуџи. Враќање во Токио. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг и активности во Токио. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Трансфер до железничката станица и патување со познатиот јапонски брз воз (Bullet Train) до Осака. Пристигнување и сместување во хотел Shin Osaka Esaka Tokyu REI 3*. Потоа разглед на Osaka Castle и прошетка низ Dotonbori, најпознатиот туристички кварт во градот, познат по рестораните и ноќниот живот. Ноќевање.
Појадок. Патување со брз воз до Хирошима. Посета на Меморијалниот парк на мирот и музејот, посветени на настаните од 6 август 1945 година. Продолжуваме кон островот Miyajima и познатото светилиште Itsukushima, под заштита на УНЕСКО, препознатливо по големата дрвена порта во морето. Вечерно враќање во Осака. Ноќевање.
Појадок. Целодневен излет до Кјото, поранешната престолнина и центар на јапонската традиција и култура. Посета на познатиот Kinkaku-ji – Златниот павилјон, Зен храмот Ryōan-ji, областа Arashiyama и светски познатата Бамбусова шума. Разгледот завршува со храмот Kiyomizu-dera, од каде се пружа прекрасен поглед кон Кјото. Враќање во Осака. Ноќевање.
Појадок. Излет до Нара, поранешна јапонска престолнина и град богат со храмови и споменици под заштита на УНЕСКО. Посета на Nara Park, познат по елените кои слободно се движат низ паркот, храмот Todai-ji со 15-метарската статуа на Големиот Буда и шинто светилиштето Kasuga-taisha. Враќање во Осака. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Целодневен разглед на Осака. Посета на Namba Yasaka Jinja, препознатлив по огромната глава на лав, познатиот пазар Kuromon, слободно време за ручек и прошетка низ ретро квартот Shinsekai со познатата Tsutenkaku Tower. Во вечерните часови трансфер до аеродромот. Полетување за Истанбул во 22:10 часот.
Пристигнување во Истанбул во 04:55 часот. Лет за Скопје во 07:25 часот и пристигнување во 07:55 часот.