Во ритамот на Шпанија – МАДРИД, градот што никогаш не престанува да инспирира.
Од раскошните булевари и кралските палати до уметничките ремек-дела во Прадо и живописните вечери со фламенко – Мадрид ќе ве освои со својата енергија и елеганција. Дополнете го доживувањето со посета на магичниот Толедо, град под заштита на УНЕСКО, каде христијанската, еврејската и арапската култура создале едно од највпечатливите историски богатства во Европа. Ова е патување што совршено ги спојува историјата, уметноста, гастрономијата и модерниот дух на Шпанија.
- Промотивна цена за уплата на 50% до 01.08.2026: 459 € (28.460 ден.)
- Цена на аранжманот: 509 € (31.560 ден.)
- (плаќање во денарска противвредност)
ВАЖНО: Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција, странски партнер. Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети. Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.
НАПОМЕНИ:
- -Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето.
- -Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено.
- -За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
- -Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
- -За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- -Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.