ШПАНИЈА

ШПАНИЈА, Мардид-Толедо

4.9 (257 рецензии)
3 ноќи
Авионски Патувања, City Break
Мардид-Толедо

Галерија

Опис на Патувањето

Во ритамот на Шпанија – МАДРИД, градот што никогаш не престанува да инспирира.

Од раскошните булевари и кралските палати до уметничките ремек-дела во Прадо и живописните вечери со фламенко – Мадрид ќе ве освои со својата енергија и елеганција. Дополнете го доживувањето со посета на магичниот Толедо, град под заштита на УНЕСКО, каде христијанската, еврејската и арапската култура создале едно од највпечатливите историски богатства во Европа. Ова е патување што совршено ги спојува историјата, уметноста, гастрономијата и модерниот дух на Шпанија.



  • Промотивна цена за уплата на 50% до 01.08.2026: 459 € (28.460 ден.)
  • Цена на аранжманот: 509 € (31.560 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)




ВАЖНО: Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција, странски партнер. Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети. Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.




НАПОМЕНИ:

  • -Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето.
  • -Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено.
  • -За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
  • -Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
  • -За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


Распоред по Денови

1

13.11.2026 (петок) → СКОПЈЕ – МАДРИД

Состанок на аеродромот во Скопје во 14:00 часот. Полетување за Мадрид во 16:50 часот, со пристигнување во 20:40 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

2

14.11.2026 (сабота) → МАДРИД

Појадок. Организиран разглед на Мадрид со стручен водич: Plaza Mayor, Катедралата Almudena, Кралската палата, Teatro Real, Puerta del Sol, фонтаната Cibeles, паркот El Retiro, музејот Prado и фонтаната Neptuno. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел. Вечерта – можност за факултативна посета на ресторан со традиционална фламенко програма. Ноќевање.

3

15.11.2026 (недела) → МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Слободен ден или можност за факултативен излет до Толедо, поранешната престолнина на Шпанија и град под заштита на УНЕСКО. Разглед на историскиот центар со Alcázar, Plaza de Zocodover, Катедралата во Толедо, џамијата Cristo de la Luz, Еврејскиот кварт и синагогата Santa María la Blanca. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Мадрид околу 18:30 часот. Ноќевање.

4

16.11.2026 (понеделник) → МАДРИД – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Препорачуваме посета на музејот Prado, со неговата богата колекција на дела од Веласкес, Гоја, Ел Греко, Рубенс и други големи европски уметници. За љубителите на фудбалот – можност за посета на стадионот Santiago Bernabéu, домот на Real Madrid. Состанок на групата во хотелот околу 18:00 часот и трансфер до аеродромот во 18:30 часот. Полетување за Скопје во 21:25 часот. Пристигнување во околу 00:50 часот (17.10)

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авиобилет на релација Скопје – Мадрид – Скопје (WIZZ AIR);
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см.)
Трансфер Мадрид (аеродром) – хотел – Мадрид (аеродром)
Историскиот дел на Мадрид (пешачка тура) со стручен водич
3 НП во хотел со 4* во Мадрид (хотел PRAGA; www.hotelmadridpraga.com ); Сместување во 1/2 или 1/3 соби
Туристичката такса
ДОПЛАТА за 1/1 соба – 50 € на ден
Организација; водство и реализација на аранжманот

Не е Вклучено

Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување;
Излет за ТОЛЕДО (8 часа; трансфер+стручен водич+влезница за катедралата+локален водич за катедралата) – 100 € по лице – ОБАВЕЗНА резервација и уплата во агенција
Факултативна посета на ресторан со ФЛАМЕНКО програма - € по лице
€459 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации