ИТАЛИЈА

ИТАЛИЈА, Пуља

4.9 (388 рецензии)
5 ноќи
Автобуски патувања
Пуља

Галерија

Опис на Патувањето

ПУЉА – Италијанска бајка меѓу белите градови и тиркизниот Јадран.

Откријте ја магијата на најсончевиот дел од Италија – регионот Пуља, каде белите градови, драматичните карпи, кристално чистото Јадранско Море и богатото културно наследство создаваат незаборавна приказна. Прошетајте низ барокниот Лече, романтичниот Полињано а Маре, живописниот Монополи, белиот Остуни, историскиот Бари и бајковитиот Алберобело со неговите уникатни трули. Дополнете го доживувањето со магичната Матера и шармантниот Отранто – патување исполнето со медитерански вкусови, автентична архитектура и пејзажи што изгледаат како разгледница.




  • Промотивна цена за уплата на 50% до 15.08.2026: 339 € (20.990 ден.)
  • Цена на аранжманот: 379 € (23.500 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)




ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ :

  • • Матера – трансфер + водич + слушалки → 15 € по лице
  • Задолжителна доплата во агенција при резервација на аранжманот.
  • • Лече и Отранто – трансфер + водич + слушалки → 40 € по лице
  • • Полињано а Маре – Монополи – Остуни – трансфер + водич → 40 € по лице

Минималниот број на патници за изведување на факултативата е 25.




ДОПЛАТИ:
    FERRY – кабина на брод (по лице / во еден правец):
    • • Двокреветна кабина → 30 €
    • • Трикреветна кабина → 25 €
    • • Четирикреветна кабина → 20 €
    Доплата за 1/1 соба 60 € (3.720 ден.)

Распоред по Денови

1

08.10.2026 (четврток) → БИТОЛА - ДРАЧ

Состанок на Градската автобуска станица во Битола во 13:30 часот. Поаѓање за Албанија во 14:00 часот, преку Охрид, Струга и Елбасан. Пристигнување во Драч околу 19:30 часот. Трансфер на фери брод околу 21:00 часот и испловување за Италија во 23:00 часот. Ноќевање на брод.

2

09.10.2026 (петок) → БАРИ – МАТЕРА – ТОРЕ ДЕЛ ОРСО

Пристигнување во Бари околу 08:00 часот. По завршување на царинските и пасошките формалности, поаѓање кон Матера, еден од највпечатливите историски градови во Италија и дел од светското наследство на УНЕСКО. Прошетка низ познатите Sassi di Matera – древните пештерски населби по кои градот е препознатлив. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжување кон регионот Пуља и туристичкото место Торе Дел Орсо. Сместување во хотел. Ноќевање.

3

10.10.2026 (сабота) → ЛЕЧЕ – ОТРАНТО

Појадок. Можност за факултативен излет до Лече и Отранто. Посета на Лече, познат како „Фиренца на југот“, препознатлив по уникатната барокна архитектура, старите плоштади, палати и историски градби. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Продолжуваме кон Отранто, најисточниот град во Италија. Прошетка низ стариот град и можност за посета на Катедралата во Отранто и Арагонскиот замок, со прекрасни погледи кон Јадранското Море. Слободно време за разглед или ручек. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Ноќевање.

4

11.10.2026 (недела) → ПОЛИЊАНО а МАРЕ – МОНОПОЛИ – ОСТУНИ

Појадок. Целодневна посета на три од најубавите места во Пуља. Прва станица е Полињано а Маре, познат по белите куќи изградени на карпи над Јадранското Море и прекрасната плажа Lama Monachile. Продолжуваме кон Монополи, со прошетка низ стариот град, старото рибарско пристаниште, средновековните улички и Катедралата. За крај – Остуни, „Белиот град“, препознатлив по белите куќи, тесните улички и средновековниот стар град. Слободно време за индивидуален разглед. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Ноќевање.

5

12.10.2026 (понеделник) → АЛБЕРОБЕЛО – БАРИ

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Алберобело, познат по уникатните трули – традиционални камени куќички со конусни покриви, под заштита на УНЕСКО. Слободно време за прошетка низ Rione Monti и Rione Aia Piccola, најпознатите делови на Алберобело. Продолжуваме кон Бари. Прошетка низ Bari Vecchia, историскиот центар на градот, посета на Базиликата San Nicola, каде се чуваат моштите на Св. Никола, и прошетка по крајбрежјето Lungomare Imperatore Augusto. Слободно време за индивидуални активности. Состанок на групата во 19:00 часот и трансфер до пристаништето. Испловување од Бари околу 23:00 часот. Ноќевање на брод.

6

13.10.2026 (вторник) → ДРАЧ - БИТОЛА

Пристигнување во Драч околу 08:00 часот. Поаѓање за Македонија преку Тирана, Елбасан, г.п. Ќафасан и Струга, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во раните попладневни часови.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Автобуски превоз на горенаведената релација
Бродски превоз Драч – Бари - Драч (билет за “deck” - седишта)
3 НП во хотел со 4*
Разглед на Бари со стручен водич
Посета на Алберобело
Организација, водство и реализација на аранжманот

Не е Вклучено

Факултативните излети и посети
Влезниците при посета на културно-историските споменици
€339 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации