Патување кое ќе ве однесе низ најубавите контрасти на Тајланд – од духовната атмосфера на величествените храмови и кралските палати во Бангкок, до идиличните плажи и смарагдните лагуни на Пукет. Истражете ги пловечките пазари, пловете низ каналите на „Венеција на Истокот“, уживајте во спектакуларни островски пејзажи и создадете спомени со авантури до Phi Phi островите, James Bond Island и заливот Phang Nga. Патување создадено за љубителите на егзотиката, природата и безгрижниот одмор под палмите.