Куба – Рум, салса и карипски сон.
Дозволете ѝ на Куба да ве освои со својата неповторлива енергија, шарени улици, ретро автомобили и ритмите на салсата кои се слушаат на секој чекор. Прошетајте низ колонијалните улички на Хавана, откријте ги бисерите на Сиенфуегос и Тринидад, посетете го градот на легендарниот Че Гевара и препуштете се на релаксација на спектакуларните плажи на Варадеро. Очекувајте автентични вкусови, врвен рум, топло карипско гостопримство и незаборавни зајдисонца. Ова не е само патување – ова е вистинско кубанско доживување кое ќе ви остане во срцето долго по враќањето дома.
ДОПЛАТИ:
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
Состанок на аеродромот во Скопје во претпладневните часови. Лет за Куба со Turkish Airlines, со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Хавана во вечерните часови. По завршување на царинските формалности – организиран трансфер до хотел. Ноќевање.
Појадок. Целодневен разглед на Хавана: Универзитетот, Плоштадот на Револуцијата, хотел Nacional, Malecón и историскиот дел Стара Хавана, под заштита на УНЕСКО. Организиран ручек во локален ресторан. Попладне – слободно време за прошетка и посета на пазарот за ракотворби. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден или можност за факултативен излет до долината Вињалес, позната по плантажите за тутун и карактеристичните карпести ридови „моготи“. Посета на видиковецот Los Jazmines, плантажа за тутун, Пештерата на Индијанецот со пловидба по подземна река и Муралот на праисторијата. Ручек во локален ресторан. Враќање во Хавана. Вечерта – можност за факултативна ноќна програма: Tropicana Show или Guajirito Show со жива кубанска музика. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање кон Сиенфуегос, познат како „Бисерот на југот“. Разглед на градот и слободно време за ручек во сопствена режија. Продолжување кон Тринидад. Сместување во хотел на база All Inclusive. Слободна вечер. Ноќевање.
Појадок. Разглед на Тринидад, еден од најдобро зачуваните колонијални градови на Куба. Посета на Романтичниот музеј и дегустација на традиционалниот коктел Canchanchara. Продолжување кон Санта Клара и посета на Мавзолејот на Че Гевара. Пристигнување во Варадеро, коктел за добредојде и сместување во хотел на база All Inclusive. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за одмор, плажа и индивидуални активности, со можност за факултативни екскурзии. All Inclusive. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за одмор и уживање на плажите на Варадеро, со можност за факултативни активности. All Inclusive. Ноќевање.
Појадок. Слободно претпладне за последно капење или шопинг. Трансфер до аеродромот во Хавана за меѓународниот лет. Полетување за Скопје со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Скопје следниот ден во вечерните часови.