ШВАЈЦАРИЈА
Почетна / Дестинации / ШВАЈЦАРИЈА

ШВАЈЦАРИЈА, Базел-Стразбург-Колмар-Цирих

4.9 (198 рецензии)
3 ноќи
Авионски Патувања
Базел-Стразбург-Колмар-Цирих

Галерија

Опис на Патувањето

Дозволете си неколку дена исполнети со магија, светилки и празнична атмосфера која се памети цел живот. Од раскошниот Цирих и елегантниот Базел, преку романтичниот Колмар и шармантниот Фрајбург, до Стразбур – престолнината на Божиќот, ќе прошетате низ едни од најубавите божиќни базари во Европа. Очекувајте шарени дрвени куќички, мирис на печени костени, топло чоколадо, швајцарски специјалитети и улици кои изгледаат како да излегле од новогодишна разгледница. Совршено патување за сите кои сакаат да ја почувствуваат вистинската магија на зимата и празниците.




    • Промотивна цена: 599 € (37.140 ден.)
    • Цена на аранжманот: 659 € (40.860 ден.)
    • (плаќање во денарска противвредност)




ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ:
  • •Крстарење по каналите на Стразбур → 35 € (се плаќа на лице место)
  • •Влезница во фабриката Линдт (плаќање во агенција) → 20 € возрасни / 15 € деца од 8 до 15 години / гратис за деца до 7 години
  • •Факултативен излет до Фрајбург и Колмар → 75 €
  • •Факултативен излет до Стразбур → 65 €
  • •Факултативен излет до Цирих → 65 €
  • •Пакет со сите 3 факултативи (Фрајбург,Колмар, Стразбур, Цирих) → 185 €




НАПОМЕНИ:

  • -Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • -За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 € = 62,00 ден.
  • -За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • -Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета...
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • -Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • -Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • -Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Распоред по Денови

1

03.12.2026 (четврток) → СКОПЈЕ – БАЗЕЛ - ЦИРИХ

Состанок на аеродромот во Скопје во 04:45 часот. Полетување за Базел во 06:45 часот, со пристигнување во 09:10 часот. Трансфер до Цирих и можност за факултативен разглед на градот: историскиот центар, езерскиот брег и познатата Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот. Слободно време за уживање во празничната атмосфера и божиќните базари. Можност за факултативна посета на Lindt Home of Chocolate во Килхберг, со посета на музејот посветен на познатото швајцарско чоколадо. Трансфер до Базел и сместување во хотел. Ноќевање.

2

04.12.2026 (петок) → БАЗЕЛ – ФРАЈБУРГ – КОЛМАР – БАЗЕЛ

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Фрајбург и Колмар. Посета на Фрајбург, познат како „бисерот на Шварцвалд“. Прошетка низ историскиот центар со Катедралата Münster, Градското собрание и главните градски плоштади. Слободно време за посета на традиционалниот Божиќен базар. Продолжување кон Колмар, еден од најживописните градови во Алзас, познат по каналите, шарените куќи и квартот „Мала Венеција“. Прошетка низ историскиот центар и слободно време за уживање во познатите божиќни базари на Колмар. Враќање во Базел. Ноќевање.

3

05.12.2026 (сабота) → БАЗЕЛ – СТРАЗБУР – БАЗЕЛ

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Стразбур. Разглед на градот: европскиот кварт, Катедралата Notre-Dame, Палатата Rohan, плоштадот Gutenberg и живописниот кварт „Мала Франција“, познат по традиционалните куќи, каналите и остовите. Слободно време за прошетка низ познатиот Божиќен базар во Стразбур, еден од најстарите и најпознатите во Европа. Можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Враќање во Базел. Ноќевање.

4

06.12.2026 (недела) → БАЗЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на Базел: Катедралата на Münsterplatz, Градското собрание, Стариот град, фонтаната Tinguely, кејот на реката Рајна и портата Spalentor. Слободно време за прошетка низ божиќните базари на Базел. Во договореното време – трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 14:10 часот, со пристигнување во 16:20 часот.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авионски билет на релација Скопје–Базел–Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Сите трансфери по програмата со автобус
Сместување во хотел B&B HOTEL 3* во Базел на база 3 ноќевања со појадок
Организиран разглед на Базел
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е Вклучено

Доплата за багаж: куфер за чекирање до 10кг / 20кг (цената е променлива; инфо во агенција 5 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 930 ден. (се плаќа во агенција)
Влезници за локалитети и културно-историски споменици; јавен превоз...
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба 9.300 ден.
€599 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации