ШРИ ЛАНКА – Дијамантот на Индискиот Океан. Откријте ја Шри Ланка – егзотичен остров исполнет со неверојатни пејзажи, древни храмови, богата култура и тропска природа. Патување низ земја на мириси, бои и традиции, каде секој ден носи ново доживување. Ќе ја почувствувате автентичната магија на островот преку средба со азиските слонови, посетата на величествената Сигирија – „Лавовската карпа“, светите храмови во Дамбула и Канди, како и зелените плантажи со чај во Нувара Елија. Ќе уживате во едно од најубавите патувања со воз низ живописните планини до шармантната Ела, ќе ги откриете историскиот Гале и прекрасните плажи на Хикадува. Шри Ланка е совршена комбинација од култура, природа, авантура и одмор – дестинација која остава незаборавни спомени и го открива вистинскиот дух на „Дијамантот на Индискиот Океан“.
ВКЛУЧЕНИ ИЗЛЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ “СУПЕР ПАКЕТ ШРИ ЛАНКА” :
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07.30 часот. Полетување за Истанбул во 09:15 и пристигнување во 12:50 часот. Полетување за Шри Ланка во 19:35.
Пристигнување во 06:10 часот по локално време. Добредојдовте во Шри Ланка! Нашиот претставник ќе ве пречека на аеродромот и заедно ќе се впуштите во „незаборавна авантура“ oткако предходно ќе имате пауза за одмор и појадoк во локален ресторан. Следна нашата станица е Фондацијата „Милениумски слонови“, организација и добротворна организација основана за спасување и грижа за азиски слонови. Можност да комуницирате со слоновите на начин што е безбеден и одговорен и за луѓето и за слоновите, додека учите за историјата и фактите за нив. Ќе им помогнете на слоновите да се искапат, нахранат, да ги запознаете нивните живеалишта и ќе имате многу можности за фотографирање. Заедно ќе се впуштиме и во прошетка со слонот, додека учиме и го набљудуваме природното негово однесување. Ќе направиме чекор кон „одговорен туризам“, каде што можеме да се восхитуваме на овие извонредни суштества заедно без да го нарушиме нивниот животен простор или да го ограничиме нивното движење. Можете исто така да посетите и фабрика, каде што се прави хартија од слонов измет. Слободно време за ручек. Го продолжиме патувањето кон север кон Сигирија, пристигнување и сместување во хотел. Време за одмор. Ноќевање.
Појадок. Нашата прва станица денес ќе биде Сигирија. Сигирија – ,,Лавовската карпа” е камена тврдина висока 200 метри - архитектонско ремек-дело. Се издига над џунглата, а на врвот се наоѓаат остатоците од она што некогаш било голем и луксузен дворец од 5 век. Огромна статуа на лав некогаш стоела на влезот во тврдината, но денес е зачувана само неговата шепа. Тука владеел Кралот Касјапа. Можеме да се видат остатоците од кралството и познатите секуларни фрески, за кои се вели дека ги прикажуваат кралските сопруги. Од некогашните петстотини фрески, зачувани се само дваесет и две. Сигирија е исто така на листата на светско наследство на УНЕСКО. Место за преубави фотографии и можност за искачување на врвот (1200 скали) доколку сте во добра кондиција. Иако искачувањето по скалите е малку напорно, вреди да го направите тоа, бидејќи погледот од карпата на околната густа џунгла во подножјето е величествен. Во Хабарана, ќе се потопиме во локалниот живот и ќе посетиме едно од селата, до кое ќе одиме со волска кочија, која се користи до ден денес. Во минатото, тоа било добро познат начин на транспорт за локалните аристократи, но денес ова возило станало поврзувачка нишка помеѓу минатото и сегашноста. Го завршуваме возењето кај природниот резервоар, следи префрлање во кануа, веслајќи до другата страна на езерото. Потоа посета на едно село, во куќата и имотот на едно локално семејство, каде ќе се запознаеме со нивниот начин на живот, традиција и обичаи. Тие ќе ни подготват традиционален селски ручек. Враќање во хотел. Време за одмор или прошетка во селото. Ноќевање.
Појадок. По појадокот продолжиме кон Канди! Првиот споменик што нè чека е Дамбула - Златниот камен храм изграден во 1 век п.н.е.-најголемиот храм издлабен во карпа на островот. Ќе се искачиме по 364-те скалила до храмот, сè до врвот, каде нè очекува прекрасен поглед и влез во Камената пештера. Таванот на пештерата е покриен со фрески што потекнуваат од будистичката митологија и раскажуваат приказни за Буда. Пештерата содржи најголема колекција на статуи на Буда на островот. Задолжителна станица е во една од познатите градини со зачини, каде што ќе научите многу за разни егзотични и непознати зачини, мириси и вкусови, како и за нивната употреба во шриланканската кујна и ајурведската медицина. Нашата следна дестинација ќе биде Матале, град познат по својата културна разновидност, кој е сликовито претставен од огромниот хиндуистички храм на Шри Мутумари Аман, споменик на хиндуистичката култура. Храмот е посветен на Маријаман, божицата на дождот и плодноста. Денот го завршуваме со посета на храмот Далада Малигава - Храмот на светиот заб на Буда. Забот бил донесен од Индија во Шри Ланка во 4 век , а го донела принцезата Хемамала криејќи го во својата коса, приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич. Тоа е едно од најсветите места за будистите не само во Шри Ланка, туку и воопшто. Храмот е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Каде ќе се проследи и традиционалниот верски ритуал „пуџа“. Сместување во хотел во Канди. Ноќевање.
Појадок. Денешниот ден ќе го поминеме во живописната културна и академска престолнина на Шри Ланка, градот Канди. Започнуваме со Удавата келе, кралската џунгла во градот, богата со локална вегетација, а продолжуваме со посета на фабрика за скапоцени камења, по кои е познат островот, каде ќе ви биде претставен процесот на преработка. Потоа, следи посета на локалниот пазар, каде ќе се потопиме во шарениот свет на зачини, мириси, овошје, зеленчук и други типични производи како кожа, дрво... Прошетка околу познатото езеро Канди каде живеат многу разновидни суштества и тоа пеликани, желки, патки, гуштери... Ќе следи гледање претстава, на талентирани танчери од Шри Ланка кои ќе ја претстават својата култура преку традиционални танци. Особено импресивен е уникатниот танц наречен „Кандиски танц“ придружен со традиционални тапани. Ноќевање.
Појадок. Продолжуваме кон Нувара Елија. Посетуваме фабрика за чај, можност одблизу да го разгледаме процесот на производство на најпопуларниот пијалок во светот - ,,Дали некој би сакал шолја чај?“ Дегустацијата и купувањето е можно во продавницата на фабриката. На патот, ќе имаме поглед на ридовите покриени со плантажи со чај, истовремено гледајќи ги собирачите на чај, набљудувајќи ги и малите тамилски села. Незаборавно и зачудувачко искуство. Нувара Елија е позната како „Мала Англија“ и дури и денес гордо ја прикажува интересната архитектура што е вкоренета тука уште од времето на англиската колонизација. Тука можете да ја видите познатата розова пошта, езерото Грегори и познатиот хотел Гранд. Денот го продолжуваме со патување со воз, кое започнува од Нану Оја до Ела и е едно од највозбудливите патувања со воз не само во Шри Ланка, туку и во светот. Возењето ви нуди прекрасен поглед на живописната околина. Возот се ,,вивнува“ низ планините со поглед на фарми и села и секако прекрасните плантажи со чај. Прситигнување и се сместување во хотел во Ела. Ноќевање.
Појадок. Скриено во маглата на висорамнините на Шри Ланка, помеѓу идилични зелени ридови и водопади, се наоѓа Ела. Покрај природната убавина, селото е познато и по ајурведските масажи. Денес ќе ја истражиме Ела и ќе се искачиме на блискиот рид наречен Мал Адамов врв, кој открива прекрасен пејзаж и скриени водопади. Ќе застанеме кај мостот со 9 сводови, познат по својата прекрасна архитектура - совршена позадина за фотографирање. Патувањето кон југ нè носи покрај водопадите Равана познати по една индиско-шриланканска легенда која ќе ја слушнете од локалниот водич. Попладне ќе се посети еден од најпознатите градови на јужниот брег, градот Гале познат по „Тврдина Гале“. Запишан е во историјата како важно пристаниште, каде што се тргувало со пауни, скапоцени камења, цимет и други егзотични стоки уште во 1400 година п.н.е. Персијците, Арапите, Грците, Малезијците, Индијците и Кинезите ја користеле оваа област за трговија, долго пред западната окупација. Можност за посета на плажата Унаватуна, а потоа возење до плажата Хикадува една од најубавите и најразновидните плажи на островот. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Плажата Хикадува, која се наоѓа на југозападниот брег на Шри Ланка, е жива, популарна дестинација позната по златните песоци, одличното сурфање, нуркањето, живата и енергична атмосфера. Позната е по коралниот гребен, набљудувањето морски желки и разновидните, туристички погодности, нудејќи мешавина од релаксација и водни спортови. Овде времето се движи побавно, а мирисот на солена вода и свежи морски ветрови ве смирува. Шетајќи по белите песочни плажи или нуркајќи меѓу коралните гребени, ќе откриете свет исполнет со боја, живот и мир. Локалните кафулиња нудат тропски коктели и свежа морска храна, додека музиката на далечните бранови и смеењето на туристите создаваат совршен ритам за релаксација. Овде, секој момент е повик да забавите, да се насмевнете и да уживате во убавината на природата и спокојот што го нуди овој морски рај. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на Хикадува и поаѓање кон Бентота - познат по своето возбудливо сафари на реката Мааду, кое нуди неверојатно доживување низ мангровите шуми. Со качување на чамец- авантурата може да започне! Крстарење низ лагуните ќе овозможи средба со античките храмови, плантажи со цимет и други природни богатства. Ова е река полна со див свет — монитор гуштери, крокодили и безброј птици, некои видови уникатни за Шри Ланка. Можност да се доживее магијата на природата, каде што копното се преплетува со реката и формира единствен екосистем, идеален за љубителите на природа и авантурата. Зачувувањето на желките е голем и важен проект во Шри Ланка. Затоа, задолжителна станица е Косгода, место каде што се наоѓа еден од инкубаторите за јајца од желки , кои беа основани за да ги заштитат овие кревки суштества. Дали знаевте дека во моментов постојат само 8 антички видови морски желки во светот, а од нив можеме да најдеме дури 5 видови во Шри Ланка? Посета на Коломбо- важна станица за бројни трговци од остатокот од Азија и арапскиот свет уште од античко време. Дури и денес, земјата е значаен извозник на стоки како што се: кокос, цимет, чај, гума и скапоцени камења... Разглед на градот: Гале Фејс (некогаш позната како хиподром, денес романтична крајбрежна променада), будистичкиот храм Гангарамаја (дел од храмот се наоѓа на копното, а дел на вештачко езеро создадено со преградување на реката Келани), Парламентот, Плоштадот Единство …Сместување во хотел во Катунајаке (во непосредна близина на аеродромот). Ноќевање.
Појадок (Breakfast box). Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје преку Истанбул во 07.25 часот. Пристигнување во Скопје во 19.55 часот по локално време.