ШРИ ЛАНКА
Ballina / Destinacionet / ШРИ ЛАНКА

ШРИ ЛАНКА, Коломбо–Кегале–Сигирија–Хабарана–Дамбула–Матале–Канди–Нувара Елија–Ела–Гале–Хикадува–Бентота–Косгода

4.9 (494 vlerësime)
7 netë
Hotels
Коломбо–Кегале–Сигирија–Хабарана–Дамбула–Матале–Канди–Нувара Елија–Ела–Гале–Хикадува–Бентота–Косгода

Përmbledhje e Udhëtimit

ШРИ ЛАНКА – Дијамантот на Индискиот Океан. Откријте ја Шри Ланка – егзотичен остров исполнет со неверојатни пејзажи, древни храмови, богата култура и тропска природа. Патување низ земја на мириси, бои и традиции, каде секој ден носи ново доживување. Ќе ја почувствувате автентичната магија на островот преку средба со азиските слонови, посетата на величествената Сигирија – „Лавовската карпа“, светите храмови во Дамбула и Канди, како и зелените плантажи со чај во Нувара Елија. Ќе уживате во едно од најубавите патувања со воз низ живописните планини до шармантната Ела, ќе ги откриете историскиот Гале и прекрасните плажи на Хикадува. Шри Ланка е совршена комбинација од култура, природа, авантура и одмор – дестинација која остава незаборавни спомени и го открива вистинскиот дух на „Дијамантот на Индискиот Океан“.




  • Промотивна цена за уплата до 25.08.2026: 1749 € (108.440 ден.)
  • Цена на аранжманот: 1949 € (120.840 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)




ВКЛУЧЕНИ ИЗЛЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ “СУПЕР ПАКЕТ ШРИ ЛАНКА” :

    • • Посета на Фондација за слонови „Милениум“ –шетање со слонови, хранење слонови, капење слонови, посета на музеј на отворено.
    • • Посета на ,,Лавовскиот камен” Сигирија (со специјализиран водич)
    • • Возење со волска кочија
    • • Возење со кану по езерото во Сигирија
    • • Посета на локалното село во Шри Ланка и традиционален ручек
    • • Посета на Златниот храм во Дамбула
    • • Посета на ајурведската градина со зачини
    • • Влезница во дворот на хиндуистичкиот храм Матале
    • • Влезница во Кралската џунгла Удавата Келе
    • • Посета на работилницата за скапоцени камења во Канди
    • • Посета на локалниот пазар во Канди
    • • Влезница во храмот на реликвијата од светиот заб на Буда во Канди
    • • Разглед на водопадот Рамбода
    • • Излет на локална плантажа за чај со дегустација на чај
    • • Разгледување на отворено на Нувара Елија (Розова пошта, езеро Грегори)
    • • Воз од Нувара Елија до Ела - билет 2 класа
    • • Искачување на врвот Мал Адам (опционално возење со зип-лајн, плаќате на лице место)
    • • Посета на мостот со 9 сводови
    • • Посета на водопадите Равана
    • • Посета на тврдината Гале во град Гале
    • • Посета на коралниот гребен Хикадува
    • • Посета на плажата за желки Хикадува
    • • Сафари со чамец на Мааду Ганга со посета на островот Цимет
    • • Посета на локалното инкубаторство на желки во Косгода
    • • Разглед на градот Коломбо




НАПОМЕНИ:

  • -Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • -Трето лице добива попуст од 95 €
  • -Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 280 € (без кревет). Дете од 6 до 12 год. добива попуст од 120 € на дополнителен кревет.
  • -За комплетна реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. Доколку бројот на пријавени е помал од 15 програмата ќе се реализира но без присуство на претсатвник од агенција. За време на престојот во Шри Ланка групата ќе има возач/водич на англиски јазик и попатна асистенција на српски јазик.
  • -За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • -Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање.
  • -Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • -Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 € = 62,00 ден.
  • -Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • -Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • -Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • -Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Programi Ditor

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Çfarë Përfshihet

E Përfshirë

Авионски превоз Скопје–Истанбул-Коломбо и назад со авио компанијата Turkish Airlines
Аеродромски такси и оброци за време на летовите
Чекиран багаж до 20 кг и рачен до 8 кг
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сите трансфери според програмата
Сместување во хотели 3*/4* на база 8 ноќевања со појадок. Дополнително уште еден појадок во локален ресторан на пристигнување и еден ручек во традиционално село. (Ноќевања: 2 во Сигирија- х. „Into the wild“ 3*; 2 во Канди – х. „Galaxy city“ 3*; 1 во Ела - х. „BBQ Hub“ 4*; 2 во Хикадува х. „ Pearl Island Beach Hotel “ 3*; 1 во Катунајаке х. „Silina Airport Residence & Transit Hotel“ 3*)
Локален водич на англиски јазик
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Nuk Përfshihet

Виза за Шри Ланка 50$ се вади онлајн.
Туристичка такса 990 ден. по лице, вкупно за сите денови – се плаќа во Агенција
Бакшиш за возач и локален водич
Патничко – здравствено осигурување
Еднокреветна соба 15.200 ден.
€1,749 / për person
Pagesë e sigurt
Mbështetje 24/7 për klientët

Mund të ju pëlqejnë

Destinacione të Ngjashme