Откријте го мистичниот Узбекистан – земја каде величествените сини куполи, древните медреси, раскошните палати и ориенталните пазари создаваат атмосфера како од „Илјада и една ноќ“. Од модерниот Ташкент, преку древната Кива и величествената Бухара, до безвременскиот Самарканд – секој град е уникатна приказна, а секој чекор ве води низ векови историја, култура и традиција. Доживејте ја магијата на Централна Азија и создадете спомени што ќе останат со вас засекогаш.
Состанок на аеродромот во Скопје во 18:00 часот. Полетување за Истанбул во 20:15, пристигнување во 22:45 часот. Лет за Ташкент во 01:15, со пристигнување во 07:40 часот по локално време.
Пристигнување и организиран трансфер до хотел Qushbegi Plaza 3* или друг хотел од иста категорија. Краток одмор. Организиран разглед на Ташкент, главниот и најголем град на Узбекистан. Посета на комплексот Hazrati Imam, мавзолејот Kaffal Shashi, медресата Barak Khan, џамијата Tillya Sheikh и Музејот на исламски книги. Продолжуваме кон традиционалниот пазар Chorsu, џамијата Dzhuma и медресата Kukeldash. Возење со познатото ташкентско метро и посета на главните градски плоштади и палатата на војводата Николај Романов. Вечера во локален ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање.
Рано одјавување и трансфер до аеродромот. Утрински лет за Ургенч, а потоа организиран трансфер до Кива, историски град на Патот на свилата. Разглед на Itchan Kala, стариот град под заштита на УНЕСКО, со посета на медресите Muhammad Aminkhan, Muhammad Rahimkhan и Allakuli Khan, минарето Kalta Minor, цитаделата Kunya Ark, мавзолејот Pahlavon Mahmud, џамијата Djuma и палатата Toshhovli. Ручек во локален ресторан. Сместување во хотел Pakhlavon 3* или друг хотел од иста категорија. Слободно време. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Бухара, со патување низ пустината Kyzyl Kum. Пристигнување во попладневните часови и сместување во хотел Mehrob 3* или друг хотел од иста категорија. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера во локален ресторан. Ноќевање.
Појадок. Организиран разглед на Бухара, еден од најзначајните историски градови на Патот на свилата и дел од светското наследство на УНЕСКО. Посета на комплексот Lyabi-Khauz, медресите Nadir Divan Begi и Kukeldash, старите трговски куполи, комплексот Kalon, историската тврдина, мавзолејот на Саманидите и Chashma-Ayub. Ручек во локален ресторан. Слободно време за индивидуални прошетки низ стариот град. Ноќевање.
Појадок и одјавување. Поаѓање кон Самарканд. Попатна посета на палатата Sitorai Mokhi-Khosa, летната резиденција на последната династија на Бухара. Продолжуваме кон Гијдуван, со посета на традиционална керамичка работилница и музеј, како и старите резервоари за вода од времето на Патот на свилата. Пристигнување во Самарканд во попладневните часови. Сместување во хотел Shaxzoda Elite 4* или друг хотел од иста категорија. Вечера во локален ресторан. Ноќевање.
Појадок. Целодневен разглед на Самарканд, еден од најпознатите градови на Патот на свилата и некогашна престолнина на Тимуридската империја. Посета на мавзолејот на Тимур, величествениот плоштад Registan, џамијата Bibi-Khanum, пазарот Siyab, некрополата Shakhi Zinda, опсерваторијата и музејот Ulugh Beg, како и традиционална работилница за изработка на хартија од свила. Ручек во локален ресторан. Слободно време за индивидуални прошетки низ Самарканд. Ноќевање.
Во раните утрински часови – одјавување и организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Истанбул во 05:35 часот, пристигнување во 08:50 часот. Полетување за Скопје во 18:55, со пристигнување во 19:25 часот по локално време.