ФРАНЦИЈА
Почетна / Дестинации / ФРАНЦИЈА

ФРАНЦИЈА, Париз–Лувр–Монмартр–Дизниленд–Версај

4.9 (160 рецензии)
3 ноќи
Авионски Патувања
Париз–Лувр–Монмартр–Дизниленд–Версај

Галерија

Опис на Патувањето

  • Париз – градот на љубовта, светлината и уметноста!

    Придружете ни се на незаборавно 4-дневно патување во француската престолнина и откријте ги најпознатите симболи на Париз – Триумфалната капија, Елисејските полиња, Лувр, Монмартр, Нотр Дам и Ајфеловата кула. Уживајте во прошетки низ живописните квартови, романтично крстарење по Сена, посетете го раскошниот дворец Версај или поминете ден исполнет со магија во Дизниленд. Париз е град што се доживува со сите сетила – од мирисот на свежите кроасани и шармот на малите кафулиња, до величествената архитектура и неповторливата атмосфера. Дозволете си неколку дена исполнети со романтика, култура и незаборавни моменти во една од најубавите европски метрополи.



    • Промотивна цена за уплата до 25.06.2026: 479 € (29.700 ден.)
    • Цена на аранжманот: 529 € (32.800 ден.)
    • Дете до 2 години (доплата): 4.900 ден.
    • Дете 2-12години: 449 € (27.838 ден.)
    • Цената важи за дете во придружба на 2 возрасни лица.

    • (Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби)


    ЦЕНА НА ВЛЕЗНИЦИ:
      • Версај: Возрасни → 40 € / деца и младинци до 18 години → 5 €
      • Лувр: Возрасни → 40 € / деца и младинци до 18 години → 5 €
      • Крстарење по Сена: Возрасни → 25 € /деца до 12 години →15 €
      • •Дизниленд (Влезница за забавниот парк-1 парк): Возрасни → 110 € / деца 3-11 г. → 100 €
      • Трансферот со брз воз RER е околу → 10 €  (во двата праци).


    НАПОМЕНИ:

    • -За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1€=62,00 ден.
    • -За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
    • -Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета.
    • -Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
    • -Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
    • -Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
    • -Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
    • -Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.



Распоред по Денови

1

27.11.2026 (петок) → СКОПЈЕ – ПАРИЗ – ЛУВР – МОНМАРТАР

Состанок на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 часот, со пристигнување во 09:05 часот. Организиран трансфер до хотел и оставање на багажот. Пешачки разглед на Париз: Триумфалната капија, Елисејските полиња (Champs-Élysées), плоштадот Concorde и Лувр. Слободно време со можност за индивидуална посета на музејот Лувр. Враќање во хотел и сместување. Попладне – прошетка низ Монмартр и квартот Пигал, познат по своите кабареа и легендарниот Moulin Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.

2

28.11.2026 (сабота) → ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД – ЛАТИНСКИ КВАРТ

Појадок. Можност за факултативна посета на Disneyland Paris, со организирано патување со брз воз. За патниците кои остануваат во Париз – можност за прошетка низ Сан Мишел, Латинскиот кварт, Луксембуршката градина, Катедралата Notre-Dame и Операта Garnier. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

3

29.11.2026 (недела) → ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – АЈФЕЛВА – СЕНА

Појадок. Можност за факултативна посета на дворецот Версај, една од најпознатите кралски палати во Европа, со посета на кралските апартмани и познатата Сала на огледалата. Враќање во центарот на Париз и слободно време. Препорачуваме крстарење по реката Сена, со прекрасен поглед кон знаменитостите на Париз, како и посета на Ајфеловата кула со можност за панорамски поглед кон градот. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

4

30.11.2026 (понеделник) → ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Ран појадок. Организиран трансфер до аеродромот околу 07:00 часот. Полетување за Скопје во 09:55 часот, со пристигнување во 12:40 часот.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авионски превоз на релација Скопје–Париз–Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Трансфери во Париз со автобус аеродром – хотел – аеродром
3 ноќевања со појадок во Hotel Ibis Paris Clichy 17 Clichy Batignolles 3* во Париз
Организиран пешачки разглед на Париз според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е Вклучено

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг (цената е променлива; инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1.200 ден. (се плаќа во агенција)
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 9.700 ден.
€529 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации