ИТАЛИЈА-ШВАЈЦАРИЈА-АВСТРИЈА
Почетна / Дестинации / ИТАЛИЈА-ШВАЈЦАРИЈА-АВСТРИЈА

ИТАЛИЈА-ШВАЈЦАРИЈА-АВСТРИЈА, Сирмионе-Тирано-Ст.Морис-Луцерн-Инсбрук-Салзбург-Халштад

4.9 (493 рецензии)
4 ноќи
Авионски Патувања
Сирмионе-Тирано-Ст.Морис-Луцерн-Инсбрук-Салзбург-Халштад

Галерија

Опис на Патувањето

Тргнете на незаборавно патување низ највпечатливите алпски предели на Европа, каде секоја дестинација раскажува своја уникатна приказна. Од романтичниот Сирмионе на брегот на езерото Гарда, преку спектакуларното возење со легендарниот Bernina Express, па сè до елегантниот Сент Мориц, живописниот Луцерн, царскиот Инсбрук, музичкиот Салцбург и бајковитиот Халштат – ова патување е совршен спој на природни убавини, богато културно наследство и незаборавни доживувања. Ве очекуваат панорамски алпски врвови, кристално чисти езера, шармантни стари градски јадра, архитектура што го одзема здивот и една од најживописните железнички рути во светот, призната како светско наследство на УНЕСКО. Секој ден носи нови пејзажи, нови приказни и моменти кои ќе останат дел од Вашите најубави спомени. Дозволете си да ја доживеете магијата на Алпите и откријте зошто оваа тура е една од најпосакуваните европски авантури.




Цена на арамжманот: 649 € (40.240 ден)



НАПОМЕНИ:
  • -За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • -Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари
  • -Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај. (Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај (ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи (ранч кревет или софа).
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • -За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • -Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • -Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • -Хотелите се надвор од градовите.




ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ДЕСТИНАЦИИТЕ:


Сирмионе: Сместен на живописен полуостров на езерото Гарда, Сирмионе е едно од најромантичните места во Италија. Познат е по своите лековити термални извори, средновековниот замок Scaliger и тесните калдрмисани улички кои создаваат неповторлива атмосфера. Прошетката низ овој град нуди прекрасни панорамски погледи кон најголемото италијанско езеро.

Тирано: Мал, но шармантен град во Ломбардија, сместен на границата помеѓу Италија и Швајцарија. Најпознат е по величествената базилика Santuario della Madonna di Tirano, која е поврзана со легендата за чудотворното појавување на Богородица. Тирано е и почетната станица на светски познатиот Bernina Express.

Сент Мориц: Сент Мориц е еден од најлуксузните алпски ресорти во светот и симбол на елеганцијата, зимските спортови и ексклузивниот туризам. Познат е по своето прекрасно езеро, повеќе од 300 сончеви денови годишно и како домаќин на две Зимски олимписки игри. Денес претставува омилена дестинација на светски познати личности и љубители на алпската природа.

Луцерн: Еден од најубавите швајцарски градови, сместен покрај истоименото езеро и опкружен со Алпите. Најпознат е по Капел мостот – најстариот покриен дрвен мост во Европа, Водената кула и живописниот Стар град со шарени фасади, историски плоштади и многубројни продавници со традиционални швајцарски производи.

Инсбрук: Главниот град на Тирол е совршен спој на алпска природа и царска историја. Прошетајте низ стариот град, восхитувајте се на познатиот Златен кров, посетете ја Царската палата и откријте го светот на Swarovski. Инсбрук плени со својата архитектура, атмосфера и прекрасната планинска позадина.

Салцбург: Родниот град на Волфганг Амадеус Моцарт и еден од најубавите барокни градови во Европа. Стариот град е под заштита на УНЕСКО и е исполнет со историски знаменитости, тесни улички, плоштади и величествената тврдина Хоензалцбург. Салцбург е град кој совршено ја спојува историјата, музиката и културата.

Халштат: Сместен помеѓу високите Алпи и кристално чистото Халштатско Езеро, Халштат е едно од најживописните места во Европа. Дрвените куќи украсени со цвеќиња, мирната атмосфера, прекрасните панорами и најстариот рудник за сол во светот го прават ова мало австриско село вистинска бајка и една од најфотографираните дестинации во светот.

Bernina Express: Bernina Express е една од најспектакуларните железнички линии во светот и дел од светското наследство на УНЕСКО. За време на патувањето ќе поминете низ 55 тунели и 196 мостови, покрај глечери, алпски езера и величествени планински врвови. Симбол на оваа рута е кружниот вијадукт Брузио, а секој километар открива нови панорамски пејзажи што го одземаат здивот.


Распоред по Денови

1

17.10.2026 (сабота) → СКОПЈЕ – СИРМИОНЕ (Италија)

Состанок на групата во 12:00 часот пред СЦ „Борис Трајковски“. Поаѓање во 12:30 часот кон Италија преку Србија, Хрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи.

2

18.10.2026 (недела) → СИРМИОНЕ - ТИРАНО

Пристигнување во Сирмионе во претпладневните часови и разглед на градот. Продолжување кон Тирано, сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3

19.10.2026 (понеделник) → ТИРАНО – БЕРНИНА ЕКСПРЕС - СЕНТ МОРИС – ЛУЦЕРН

Појадок. Возење со легендарниот Bernina Express на рутата Тирано – Сент Мориц. По пристигнувањето следува слободно време за прошетка, а потоа продолжување со автобус кон Луцерн. Сместување во хотел. Ноќевање.

4

20.10.2026 (вторник) → ЛУЦЕРН - ИНСБРУК

Појадок. Разглед на Луцерн и неговите најпознати знаменитости. Во попладневните часови заминување кон Инсбрук. Сместување во хотел. Ноќевање.

5

21.10.2026 (среда) → ИНСБРУК – САЛЗБУРГ

Појадок. Разглед на Инсбрук и слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Салцбург. Сместување во хотел и вечерна прошетка. Ноќевање.

6

22.10.2026 (четврток) → САЛЗБУРГ – ХАЛСТАТ - СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на Салцбург, а потоа посета на бајковитиот Халштат. Слободно време за уживање покрај езерото. Во попладневните часови поаѓање кон Скопје.

7

23.10.2026 (петок) → СКОПЈЕ

Пристигнување во вечерните часови.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
1 ноќевања со појадок во Тирано - хотел со 3*
1 ноќевања со појадок во Луцерн - хотел со 3*
1 ноќевања со појадок во Инсбрук - хотел со 3*
1 ноќевања со појадок во Салзбург - хотел со 3*
Бернина Експрес воз 2-ра класа (релација Тирано-Сент Морис)
Прошетки по градовите наведени во програмата
Лиценциран туристички придружник за цело време на патувањето

Не е Вклучено

Туристичка такса 20€ по лице - се плаќа во агенција
Задолжително патничко осигурување 350 ден.
Влезници за културно историски споменици , музеи, локален транспорт
Билети за јавен превоз
Доплата за еднокреветна соба 14.000 ден (3*)
Доплата за седиште по избор 20€ по лице
€649 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации