Откријте ја магијата на Кападокија – една од најневеројатните дестинации во светот, каде природата и историјата создале пејзажи како од бајка. Импресивните карпести формации, мистичните подземни градови, древните пештерски цркви и спектакуларните изгрејсонца исполнети со стотици шарени балони создаваат доживување што засекогаш останува во сеќавање. Прошетајте низ долините со уникатни вулкански формации, запознајте ја богатата култура и традиција на регионот и уживајте во автентичната турска гостопримливост. Кападокија не е само патување – таа е место каде секој момент изгледа како сцена од сон.
ЦЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВНИ АТРАКЦИИ:
ДОПЛАТА ЗА БАГАЖ:
ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ:
• ЛЕТ СО БАЛОН: Во раните утрински часови – можност за лет со балон над Кападокија, со спектакуларен поглед кон „самовилските оџаци“, долините и изгрејсонцето. Летот трае околу 1 час, а по завршувањето се добива сертификат.
(Реализацијата на летот зависи од временските услови)
•МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: Целодневен излет со панорамски поглед кон Ѓореме и Долината на гулабите, посета на работилница за накит и познатиот подземен град Кајмакли. Продолжуваме кон манастирот Селиме и прекрасната долина Ихлара, каде е предвидена прошетка од околу 3,5 км покрај реката Мелендез. Ручек во селото Белисирма и враќање во хотел.
•СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Посета на познатиот Музеј на отворено во Ѓореме, комплекс со цркви издлабени во карпите и зачувани фрески. Продолжуваме кон Аванос, со посета на традиционална грнчарска работилница. По ручекот – разглед на познатите долини Дервент, Зелве и Пашаба, препознатливи по уникатните „самовилски оџаци“. Враќање во хотел.
•МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Излетот започнува со тврдината Учхисар и прекрасните панорамски погледи кон Кападокија. Продолжуваме кон Долината на Трите Убавици, Ургуп и Мустафапаша, поранешната грчка населба Синасос. Посета на традиционален Cave Hotel, со можност за турско кафе или чај. Излетот завршува во Ортахисар, познат по впечатливата карпеста тврдина и панорамскиот поглед. Ручек во локален ресторан и враќање во Ѓореме.
•ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО: Препорачуваме 2 можности :
- “ATV SUNSET TOUR”: Двочасовна авантура со ATV низ прекрасните предели на Кападокија, покрај „самовилските оџаци“, Чавушин, Долината на љубовта и Црвената долина, со уживање во залезот на сонцето.
-“BUS SUNSET TOUR”: Oрганизирана посета на Долината на розите и Црвената долина, со панорамски поглед и можност за прошетка низ уникатниот вулкански пејзаж и „самовилските оџаци“.
•ТУРСКА ВЕЧЕР: Традиционална турска вечер во автентичен пештерски амбиент, со фолклорни и ориентални танци, шоу-програма, турско мезе, вечера и неограничени локални пијалоци.
•ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Посета на традиционална дервишка церемонија во автентичниот Saruhan Caravanserai, изграден во 1259 година на некогашниот Пат на свилата.
•ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Едночасовно јавање со искусен водич низ долините на Кападокија и покрај „самовилските оџаци“, во утринските часови со поглед кон изгрејсонцето и балоните
•ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ:Едночасовно јавање камили низ долините на Кападокија, покрај „самовилските оџаци“, со можност за уживање во изгрејсонцето и поглед кон балоните.
•JEEP SAFARI 2 часа: Двочасовна авантура со џип низ помалку познатите предели на Кападокија. Посета на долината Узенги, манастирот Халач и ридот Зиндан, со прекрасни панорамски погледи и можности за фотографирање.
НАПОМЕНИ: