Новогодишно Крстарење по КАРИПСКИТЕ ОСТРОВИ
Ballina / Destinacionet / Новогодишно Крстарење по КАРИПСКИТЕ ОСТРОВИ

Новогодишно Крстарење по КАРИПСКИТЕ ОСТРОВИ, Крстарење

4.9 (343 vlerësime)
15 netë
Cruises
Крстарење

Përmbledhje e Udhëtimit

Новата 2027 година започнете ја во карипски рај!

Додека сите ја дочекуваат Новата година во зима, вие наздравете под палмите, опкружени со тиркизно море, тропски ветар и најубавите карипски острови. Ова не е обично патување – ова е животно искуство кое ќе го паметите засекогаш. Запловете со величествениот MSC Meraviglia на 17-дневно крстарење низ најегзотичните дестинации на Карибите. Од динамичниот Мајами, преку рајските плажи на Гранд Турк, Бахамите, Насау, Сент Мартин, Сент Китс, Сент Томас и Доминиканската Република, секој ден носи нова авантура, нови пејзажи и нови незаборавни моменти. Најмагичниот момент? Дочекот на Новата 2027 година на отворено море, со спектакуларна прослава, врвна забава и атмосфера каква што може да се доживее само еднаш во животот.

Дозволете си денови исполнети со сонце, кристално чисто море, бескрајни плажи, врвна гастрономија, луксуз и комплетно уживање на еден од најубавите бродови на MSC Cruises. Оваа зима, заменете го снегот со Кариби. Подарете си новогодишна приказна која ќе ја раскажувате со години.


*Повеќе информации околу патувањето, види на PDF документот




  • Цена на аранжманот: 3990 € (247.380 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)




НАПОМЕНИ:

  • -За ова патување потребен е важечки биометриски пасош.
  • -Потребна е мулти виза за САД.
  • -За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници.
  • -Качувањето на бродот започнува три часа пред предвиденото време на поаѓање.
  • -Проширениот полн пансион на бродот вклучува појадок, ручек ( шведска маса ) и вечера ( сет мени ), како и меѓуоброци. Кафе, чај, вода и сокови од апарат кои се дел од шведската маса за појадок и ручек – не се плаќаат.
  • -За гала вечерите се очекува прикладна – свечена облека.
  • -За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%.
  • -Целосна уплата до 30 дена пред патувањето.
  • -Организаторот го гарантира типот (видот на кабината на бродот – балконска кабина), но не и позоцијата на кабините на бродот (број на палуба, преден или заден дел од бродот).
  • -Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на компанијата MSC Cruises (Посебни услови за патување).
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цените на превоз, девизниот курс и слично, како и да го откаже патувањето доколку не е исполнет минималниот број на патници предвиден со оваа програма.
  • -Патничкото осигурување е задолжително.
  • -Секоја промена на програмата за патување од страна на самиот патник во текот на патувањето, со согласност на претставникот на агенцијата, не претставува промена во договорената програма.
  • -Организаторот на патувањето не е овластен да ја оценува исправноста на патните и другите документи на патниците.

  • Отказен рок:
  • До 40 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 39 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.

Programi Ditor

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

Çfarë Përfshihet

E Përfshirë

Авионски билети Скопје Истанбул Сиетл – Мајами Истанбул Скопје.
2 парчиња по 23кг чекиран багаж.
Рачен багаж до 8кг.
Разглед на Мајами на 27.12.2026
1 ноќевање во хотел Citizen M World Center со 4* или сличен во Мајами, на база ноќевање со појадок во стандардни двокреветни соби.
14 ноќевања на бродот MSC MERAVIGLIA според програмата.
На бродот проширен полн пансион ( појадок, ручек, вечера, ужина), сите забавни програми и анимации, претстави во театар, влез во казино и дискотека, спортски активности, употреба на фитнес, сауни, базени и џакузи, лежалки околу базените.
Трансфери според програмата: аеродром – хотел; хотел – пристаниште – хотел; хотел – аеродром.
Придружник на групата.
Трошоци за организација на патувањето.

Nuk Përfshihet

Американска мулти виза – 185 УСД.
Трансфери до плажи.
Екскурзии организирани од MSC.
Лична потрошувачка (алкохолни и друг вид пијалоци кои ќе ги нарачате во барот / ресторанот на бродот), перална, здравствени и козметички третмани, фризерски салон, телефонски повици, патничко – здравствено осигурување.
Напојници за возачи и водичи – 50 УСД по лице (се плаќаат во агенција).
€3,990 / për person
Shkarko PDF

Broshura / programi

Pagesë e sigurt
Mbështetje 24/7 për klientët

Mund të ju pëlqejnë

Destinacione të Ngjashme