ПОРТУГАЛИЈА
Почетна / Дестинации / ПОРТУГАЛИЈА

ПОРТУГАЛИЈА, Лисабон-Порто

4.9 (413 рецензии)
7 ноќи
Авионски Патувања
Лисабон-Порто

Галерија

Опис на Патувањето

Таму каде Атлантикот ја прегрнува Европа, ве очекува Португалија – земја на безвременски градови, големи морепловци и незаборавни пејзажи. Од елегантниот Лисабон, преку романтичната Синтра и спектакуларните карпи на Кабо да Рока, до шарените канали на Авеиро и автентичниот Порто, ова патување ги спојува историјата, културата и природната убавина во едно незаборавно искуство. Прошетајте низ калдрмисани улици исполнети со шарм, откријте кралски палати и панорамски погледи кон Атлантикот, почувствувајте ја енергијата на Назаре и вкусете ги прочуените Pastéis de Belém и светски познатото порто вино. Земја каде секој град има своја приказна, а секое патување остава спомени што траат долго по враќањето дома.




  • Рана уплата: 1099 € (68.140 ден.)
  • Цена на аранжманот: 1199 € (74.340 ден.)
  • (цена по лице)




НАПОМЕНИ:

  • -За реализација на аранжманот потребен е минимум од 23 патници.
  • -За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • -Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
  • -Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • -Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 € = 62,00 ден.
  • -За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
  • -При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • -Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
  • -Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • -При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 ден.
  • -Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • -Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • -Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • -Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Распоред по Денови

1

21.10.2026 (среда) → СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - ЛИСАБОН

Состанок на аеродромот во Скопје 2 часа пред летот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот, пристигнување во 11:20 часот. Продолжување за Лисабон во 12:25 часот, со пристигнување во 15:30 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Вечерта – прошетка низ централниот дел на Лисабон и Авенијата Либердаде. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

2

22.10.2026 (четврток) → ЛИСАБОН

Појадок. Пешачки разглед на Лисабон: плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата Либердаде, плоштадот Росио, Рестауредорес и Praça do Comércio. Слободно попладне со препорака за прошетка низ Алфама, најстариот и еден од најживописните квартови на градот. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

3

23.10.2026 (петок) → БЕЛЕМ - СИНТРА - КАБО ДЕ РОКА

Појадок. Во 09:00 часот – поаѓање на целодневен организиран излет. Панорамски разглед на Белем, покрај Кулата Белем, Споменикот на откритијата и манастирот Жеронимуш. Посета на познатата пекара Pastéis de Belém, каде се подготвува традиционалниот португалски специјалитет. Продолжување кон Синтра, живописен град под заштита на УНЕСКО. Слободно време за прошетка, кафе и ручек во сопствена режија. Посета на прекрасната Палата Пена, една од најпознатите знаменитости на Португалија. Продолжување кон Кабо да Рока, најзападната точка на континентална Европа, со фото-пауза и поглед кон Атлантскиот Океан. Враќање во Лисабон. Слободно време, со препорака за посета на Паркот на нациите. Ноќевање.

4

24.10.2026 (сабота) → ЛИСАБОН - НАЗАРЕ - АВЕИРО и КОСТА НОВА - ПОРТО

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Порто. Попатна посета на Назаре, познат по огромните атлантски бранови и како една од најпознатите светски дестинации за сурфање. Продолжување кон Авеиро, познат како „Португалската Венеција“ по своите канали и традиционалните шарени бродови „молисеиро“. Посета на Коста Нова, живописно крајбрежно место препознатливо по шарените пругасти куќички. Продолжување кон Порто. Сместување во хотел. Ноќевање.

5

25.10.2026 (недела) → ПОРТО

Појадок. Пешачки разглед на Порто: историскиот кварт Рибеира, реката Дуро, црквата São Francisco, Avenida dos Aliados и Palácio da Bolsa. Слободно попладне за индивидуални прошетки и уживање покрај океанот. Во вечерните часови – можност за посета на винарија и дегустација на познатото порто вино. Ноќевање.

6

26.10.2026 (понеделник) → ПОРТО – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време во Порто за индивидуални пршетки, препорачуваме уживање покрај реката Дуро, полно со кафулиња и ресторани. Трансфер од хотел до аеродромот во Порто, полетување во 16:00 часот, слетување во Скопје на 27.10 во 08:25 часот.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авионски превоз на релација Скопје–Лисабон х Порто–Скопје со Туркиш
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см) и чекиран куфер до 20кг
Организиран трансфер аеродром–хотел–аеродром
Трансфер со автобус од Лисабон до Порто
Трансфер со автобус Белем, Синтра, Кабо де Рока
Сместување во хотел FLORIDA 4* во Лисабон на база 3 ноќевања со појадок
Сместување во хотел Legendary Porto Hotel 3* во Порто на база 2 ноќевања со појадок
Организиран разглед и посета на сите градови и места по програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е Вклучено

Туристичка такса 1860 ден.
Влезница и трансфер за палатата Пена – 35 €
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 18.900 ден.
€1,199 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации