Таму каде Атлантикот ја прегрнува Европа, ве очекува Португалија – земја на безвременски градови, големи морепловци и незаборавни пејзажи. Од елегантниот Лисабон, преку романтичната Синтра и спектакуларните карпи на Кабо да Рока, до шарените канали на Авеиро и автентичниот Порто, ова патување ги спојува историјата, културата и природната убавина во едно незаборавно искуство. Прошетајте низ калдрмисани улици исполнети со шарм, откријте кралски палати и панорамски погледи кон Атлантикот, почувствувајте ја енергијата на Назаре и вкусете ги прочуените Pastéis de Belém и светски познатото порто вино. Земја каде секој град има своја приказна, а секое патување остава спомени што траат долго по враќањето дома.
Состанок на аеродромот во Скопје 2 часа пред летот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот, пристигнување во 11:20 часот. Продолжување за Лисабон во 12:25 часот, со пристигнување во 15:30 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Вечерта – прошетка низ централниот дел на Лисабон и Авенијата Либердаде. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
Појадок. Пешачки разглед на Лисабон: плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата Либердаде, плоштадот Росио, Рестауредорес и Praça do Comércio. Слободно попладне со препорака за прошетка низ Алфама, најстариот и еден од најживописните квартови на градот. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
Појадок. Во 09:00 часот – поаѓање на целодневен организиран излет. Панорамски разглед на Белем, покрај Кулата Белем, Споменикот на откритијата и манастирот Жеронимуш. Посета на познатата пекара Pastéis de Belém, каде се подготвува традиционалниот португалски специјалитет. Продолжување кон Синтра, живописен град под заштита на УНЕСКО. Слободно време за прошетка, кафе и ручек во сопствена режија. Посета на прекрасната Палата Пена, една од најпознатите знаменитости на Португалија. Продолжување кон Кабо да Рока, најзападната точка на континентална Европа, со фото-пауза и поглед кон Атлантскиот Океан. Враќање во Лисабон. Слободно време, со препорака за посета на Паркот на нациите. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Порто. Попатна посета на Назаре, познат по огромните атлантски бранови и како една од најпознатите светски дестинации за сурфање. Продолжување кон Авеиро, познат како „Португалската Венеција“ по своите канали и традиционалните шарени бродови „молисеиро“. Посета на Коста Нова, живописно крајбрежно место препознатливо по шарените пругасти куќички. Продолжување кон Порто. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Пешачки разглед на Порто: историскиот кварт Рибеира, реката Дуро, црквата São Francisco, Avenida dos Aliados и Palácio da Bolsa. Слободно попладне за индивидуални прошетки и уживање покрај океанот. Во вечерните часови – можност за посета на винарија и дегустација на познатото порто вино. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време во Порто за индивидуални пршетки, препорачуваме уживање покрај реката Дуро, полно со кафулиња и ресторани. Трансфер од хотел до аеродромот во Порто, полетување во 16:00 часот, слетување во Скопје на 27.10 во 08:25 часот.