ДРЕВНА МЕСОПОТАМИЈА
Почетна / Дестинации / ДРЕВНА МЕСОПОТАМИЈА

ДРЕВНА МЕСОПОТАМИЈА, Шанлиурфа-Харан-Мардин-Мидијат-Дијарбакир-Немрут-Халгети-Газиантеп

4.9 (149 рецензии)
6 ноќи
Авионски Патувања
Шанлиурфа-Харан-Мардин-Мидијат-Дијарбакир-Немрут-Халгети-Газиантеп

Галерија

Опис на Патувањето

Таму започнала цивилизацијата. Легенди врежани во камен. Историја што оживува на секој чекор.

Незаборавно патување низ древна Месопотамија – колевката на првите цивилизации, каде секој град раскажува приказна стара илјадници години. Од мистичната Шанлиурфа, градот на пророкот Аврам, преку праисторискиот Гобекли Тепе и библискиот Харан, до камениот Мардин и автентичниот Мидијат, ќе откриете свет исполнет со легенди, археолошки богатства и духовно наследство. Доживејте ги величествените ѕидини на Дијарбакир, мистичните камени глави на планината Немрут, пловидбата низ потопениот Халфети и гастрономските уживања во Газиантеп – светската престолнина на баклавата. Ова е патување низ времето, каде историјата, културата и мистиката се спојуваат во едно единствено и незаборавно искуство.


  • Промотивна цена за уплата до 15.07.2026: 999 € (61.940 ден.)
  • Цена на аранжманот: 1099 € (68.140 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)




НАПОМЕНИ:

-За потврда на резервација задолжителна е уплата од 300 € (18.600 ден.) најдоцна до 15. Јули 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 21 септември 2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.

-За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници.

Распоред по Денови

1

23.10.2026 (петок) → СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - ШАНЛИУРФА

Состанок на аеродромот во Скопје во 06:30 часот. Полетување за Истанбул во 08:45, пристигнување во 11:20 часот. Лет за Шанлиурфа во 12:50, пристигнување во 14:40 часот. Трансфер и сместување во хотел Harran 4*. По краток одмор – разглед на Шанлиурфа, позната како „Градот на пророкот“ и поврзана со преданијата за пророкот Аврам. Посета на Баликли Ѓол (Рибното езеро) и комплексот Халил-ур Рахман. Слободно време и враќање во хотел. Ноќевање.

2

24.10.2026 (сабота) → ШАНЛИУРФА - ГОБЕКЛИ ТЕПЕ - ХАРАН - МАРДИН

Појадок и одјавување од хотелот. Посета на Гобекли Тепе, археолошки локалитет стар околу 11.000 години и еден од најстарите познати монументални комплекси во светот. Продолжуваме кон Харан, познат по традиционалните конусни куќи од глина и кал. Слободно време за прошетка и фотографирање. Поаѓање кон Мардин, историски град во Горна Месопотамија. Сместување во хотел Raymar Hotel 5*. Прошетка низ стариот град, познат по камените куќи, тесните улички, пазарите и богатото христијанско и муслиманско наследство. Ноќевање.

3

25.10.2026 (недела) → МАРДИН - Манасти DEYRULZAFARAN - Антички град DARA - Манастир MOR GABRIEL - МИДИЈАТ - МАРДИН

Појадок. Целодневна тура низ историското и христијанското наследство на Месопотамија. Посета на манастирот Deyrulzafaran, еден од најзначајните сириско-православни манастири, а потоа на античкиот град Dara, познат како „Мала Кападокија“. Продолжуваме кон Mor Gabriel, еден од најстарите христијански манастири во светот, основан во 397 година. За крај – посета на стариот асирски град Мидијат, со неговите камени куќи, цркви и тесни калдрмисани улички. Слободно време и враќање во Мардин. Ноќевање.

4

26.10.2026 (понеделник) → МАРДИН - ДИЈАРБАКИР - НЕМРУТ

Појадок и одјавување. Поаѓање кон Дијарбакир, историски град на реката Тигрис. Разглед на старото градско јадро, познатите црни базалтни ѕидини и Улу Џами – Големата џамија, една од најстарите џамии во Турција. Продолжуваме кон планината Немрут (2.150 м), локалитет под заштита на УНЕСКО. Посета на монументалните камени статуи и мавзолејот на кралот Антиох I, со можност за уживање во спектакуларната панорама. Сместување во Nemrut Euphrates Hotel 3*. Вечера и ноќевање.

5

27.10.2026 (вторник) → НЕМРУТ - ХАЛФЕТИ - ГАЗИАНТЕП

Појадок и одјавување. Поаѓање кон Халфети, необичен град на реката Еуфрат, чиј стар дел денес се наоѓа под вода. Пловидба со чамец по Еуфрат, со поглед кон потопените градби, минарето и остатоците од стариот град. Слободно време за прошетка низ Халфети, познат и по своите уникатни темни рози. Продолжување кон Газиантеп. Сместување во Kule Hotel & Spa 4*. Слободно време. Ноќевање.

6

28.10.2026 (среда) → ГАЗИАНТЕП

Појадок. Разглед на Газиантеп, познат како турската престолнина на баклавата и дел од мрежата на креативни градови на УНЕСКО за гастрономија. Посета на Zeugma Mosaic Museum, со една од најзначајните колекции на римски мозаици, а потоа прошетка низ стариот град и Grand Bazaar. Слободно време за индивидуални прошетки, локални специјалитети и традиционална баклава. Враќање во хотел. Ноќевање.

7

29.10.2026 (четврток) → ГАЗИАНТЕП- ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Трансфер до аеродромот. Полетување од Газиантеп во 15:50 часот, пристигнување во Истанбул во 17:50 часот. Продолжување со лет за Скопје во 20:30 часот.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авионски билет Скопје-Шанлиурфа-Газиантеп-Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата
1 ноќевање со појадок во хотел со 4* во Шанлиурфа
2 ноќевања со појадок во хотел со 5* во Мардин
1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3* во Немрут
2 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Газиантеп
Влезница во археолошкиот локалитет Гобекли Тепе
Влезница во манастирот Deyrulzafaran
Влезница во манастиротMor Gabriel
Локален превоз кон планината Немрут со влезница во Националниот Парк
Возење со чамец по реката Еуфрат
Влезница во Музејот Zeugma
Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување
Лиценциран туристички придружник

Не е Вклучено

Доплата за еднокреветна соба 290 €
Бакшиш за локалниот водич
Патничко осигурување
€1,090 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации