РУСИЈА

РУСИЈА, Санкт Петербург-Москва

4.9 (455 рецензии)
7 ноќи
Авионски Патувања
Санкт Петербург-Москва

Галерија

Опис на Патувањето

Империјален раскош. Безвременска историја. Незаборавно доживување.

Доживејте патување низ светот на руските цареви, величествените палати и богатото културно наследство. Од елегантниот Санкт Петербург – градот на каналите, мостовите и царските резиденции, до грандиозната Москва – срцето на руската историја и симбол на една моќна империја. Очекувајте спектакуларна архитектура, светски познати музеи, величествени катедрали, романтични крстарења и незаборавно патување со брзиот воз Сапсан.

Прошетајте низ раскошните сали на Ермитаж, восхитете се на магичната Килибарска соба, откријте го Кремљ и Црвениот плоштад, уживајте во убавината на Петерхоф и доживејте ги вечерните панорами на двата града. Ова не е само патување – туку уникатно искуство што ве води низ највпечатливите симболи на царска Русија, каде секој чекор раскажува приказна за моќ, уметност и раскош.



  • Промотивна цена за уплата до 30.04.2026: 1345 € (89.390 ден.)
  • Цена на аранжманот: 1395 € (86.490 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)
  • Попуст на дете од 02-11.99 години: -100 € (6.200 ден.)




ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени):

Москва:

  • • Кремљ (и 2 православни цркви) 50 €
  • • Сергиев Имот 55 €
  • • Прошетка низ Московско Метро 10 €
  • • Бородинска Битка 40 €
  • • Крстарење по реката Москва 50 €
  • • Палатата на оружјето 55 €

Ст. Петербург:

  • • Ермитаж → 50 €
  • • Пушкин (Царското село) → 65 €
  • • Петерхоф, Горен и Долен парк → 55 €
  • • Петропавловска Тврдина → 40 €
  • • Пловење по реката Нева → 40 €



НАПОМЕНИ:

    • -За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
    • -За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
    • -Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
    • -Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите

      -За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената.

    • -За резервации потребна е авансна уплата од 40% од износот на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
    • -Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од објективни причини.
    • -Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите

Распоред по Денови

1

02.10.2026 (петок) → СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Состанок на аеродромот во Скопје во 06:45 часот. Полетување со Turkish Airlines за Истанбул во 08:45, пристигнување во 11:20 часот. Полетување за Санкт Петербург во 20:30 часот, пристигнување во 00:10 часот. Трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.

2

03.10.2026 (сабота) → САНКТ ПЕТЕРБУРГ – СЕВЕРНА ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Панорамски разглед на Санкт Петербург: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник и познатите мостови и канали. Можност за факултативна посета на Петропавловската тврдина и Катедралата Св. Петар и Павле, каде се наоѓаат гробниците на руските цареви. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3

04.10.2026 (недела) → САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета на Ермитаж, еден од најпознатите музеи во светот, сместен во поранешниот Зимски дворец. Во попладневните часови – можност за факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон најпознатите градски знаменитости и мостови. Слободна вечер. Ноќевање.

4

05.10.2026 (понеделник) → САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета на Пушкин – Царското Село, со разглед на раскошната Екатерининска палата и познатата Килибарска соба. Во попладневните часови – можност за факултативна посета на Петерхоф, летната резиденција на Петар Велики, позната по прекрасните паркови, фонтани и позлатени скулптури. Враќање во Санкт Петербург. Ноќевање.

5

06.10.2026 (вторник) → САНКТ ПЕТЕРБУРГ - МОСКВА

Појадок. Трансфер до железничката станица и поаѓање околу 09:00 часот со брзиот воз Сапсан кон Москва. Патувањето трае околу 3 часа и 50 минути. По пристигнувањето – панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Катедралата Св. Василиј, Бољшој театар, Катедралата Христос Спасител, Новодевичанскиот манастир, Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов“ и Паркот на победата. Сместување во хотел. Вечерта – можност за факултативна посета на Московското метро, познато по своите раскошно уредени станици. Ноќевање.

6

07.10.2026 (среда) → МОСКВА

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета на Кремљ, со неговите катедрали, дворови, Цар-ѕвоното и Цар-топот. Можност за дополнителна посета на Палатата на Оружјето, каде се чуваат царски круни, скиптри, кочии и други историски богатства. Во попладневните часови – можност за факултативна посета на Музејот на Бородинската битка. Слободно време. Ноќевање.

7

08.10.2026 (четврток) → МОСКВА

Појадок. Можност за факултативен излет до Сергиев Посад, еден од најзначајните православни центри во Русија, со посeта на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта – можност за факултативно крстарење со брод-ресторан Radisson по реката Москва, со панорамски поглед кон осветлениот град. Ноќевање.

8

09.10.2026 (сабота) → МОСКВА - ИСТАНБУЛ

Појадок. Слободно време и одјавување од хотелот според хотелските правила. Можност за продолжено користење на собата со доплата. Во вечерните часови – трансфер до аеродромот. Полетување за Истанбул во 01:15 часот на 10.10.2026.

9

10.10.2026 (сабота) → ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Истанбул во 05:25 часот. Полетување за Скопје во 07:25 часот, со пристигнување во 07:55 часот.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Авионски превоз на релација Скопје–Истанбул–Санкт Петербург и Москва–Истанбул–Скопје.
Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
Воз Сапсан од Ст. Петербург до Москва (окулу 4 часа).
4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
Трансфери според програмата.
Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик без вклучени влезници (според програмата).
Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик без вклучени влезници (според програмата).
Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.

Не е Вклучено

Патничко здравствено осигурување.
Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција).
Користење соба последниот ден по времето предвидено за одјавување – 70 € за двокреветна; 50 € за еднокреветна. *Се доплаќа при уплата на аранжманот (на лице место не можеме да гарантираме дека ќе има слободни соби).
€1,395 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации