ИТАЛИЈА

ИТАЛИЈА, Капри-Позитано-Амалфи-Неапол

4.9 (280 рецензии)
4 ноќи
Автобуски патувања, City Break
Капри-Позитано-Амалфи-Неапол

Галерија

Опис на Патувањето

Италијанска бајка по Амалфитанскиот брег – КАПРИ, ПОЗИТАНО, АМАЛФИ И НЕАПОЛ.

Откријте ја најромантичната страна на јужна Италија – каде тиркизното Тиренско Море ги допира драматичните карпи, шарените куќи се спуштаат кон морето, а секој град раскажува своја приказна. Од гламурозниот Капри и шармантното Соренто, преку бајковитиот Позитано и историскиот Амалфи, до енергичниот Неапол, античка Помпеја, магичната Матера и уникатното Алберобело – ова патување е совршен спој на природни убавини, медитерански шарм, богата историја и автентични италијански вкусови.




  • Цена на аранжманот: 385 € (23.870 ден.)
  • (плаќање во денарска противвредност)

  • НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 15 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 15 дена до почетокот на аранжманот.



ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВИ:

  • Капри75 €
  • (трансфер до пристаниште + повратна бродска карта + локален водич + трансфер на самиот остров – Марина Гранде – АнаКапри – Капри – Марина Гранде)
  • Амалфи и Позитано (полудневен излет) → 55 €
  • (трансфер + превоз со мини-бус или брод)
  • Помпеа и Неапол40 €
  • (трансфер + влезница + стручен водич + слушалки за Помпеа)
  • •Матера 15 €
  • (трансфер + стручен водич + слушалки – обавезна доплата во агенција со самата резервација)
За сите факултативни излети, минималниот број за остварување на истите е 30 патници.




НАПОМЕНА:

  • -Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето
  • -Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено
  • -За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот
  • -Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи
  • -За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.



Распоред по Денови

1

08.10.2026 (четврток) → БИТОЛА

Состанок на Градската автобуска станица во Битола во 13:00 часот. Поаѓање за Албанија во 13:30 часот, преку Охрид, Струга и г.п. Ќафасан. Пристигнување во Драч во доцните попладневни часови и трансфер на траект. Испловување за Бари во 22:00 часот. Ноќевање на брод.

2

09.10.2026 (петок) → БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – СОРЕНТО

Пристигнување во Бари во 08:00 часот. Поаѓање кон Алберобело, уникатно гратче под заштита на УНЕСКО, познато по традиционалните камени куќички трули. Слободно време за прошетка, фотографирање и кафе. Продолжување кон регионот Кампанија и пристигнување во Соренто во попладневните часови. Сместување во хотел и слободно време. Во вечерните часови, по желба – прошетка низ центарот на Соренто. Ноќевање.

3

10.10.2026 (сабота) → КАПРИ – СОРЕНТО

Појадок. Можност за факултативен целодневен излет на островот Капри. Поаѓање со хидроглисер од Соренто до Marina Grande. Организиран трансфер до Анакапри, прошетка со локален водич и слободно време. Продолжување кон градот Капри, со посета на Градините на Август, Marina Piccola, поглед кон познатите Faraglioni и прошетка низ центарот и Piazza Umberto. Состанок на групата во 18:00 часот и враќање во Соренто. Слободно време за прошетка низ центарот. Состанок во 21:30 часот и враќање во хотел. Ноќевање.

4

11.10.2025 (недела) → ПОЗИТАНО – АМАЛФИ

Појадок. Слободно време или можност за факултативен излет до Позитано и Амалфи, едни од најпознатите места на Амалфитанското крајбрежје. Посета на Позитано, познат по шарените куќи изградени на карпите, тесните улички и прекрасните погледи кон морето. Продолжување со брод кон Амалфи и можност да се доживее Амалфитанското крајбрежје од море. Прошетка низ градот и посета на Катедралата Св. Андреја. Враќање во Соренто во доцните попладневни часови. Слободно време. Ноќевање.

5

12.10.2026 (понеделник) → ПОМПЕА – НЕАПОЛ - КАЗЕРТА

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Помпеја и можност за факултативна посета на еден од најпознатите археолошки локалитети во Италија, уништен од ерупцијата на Везув во 79 година. Продолжување кон Неапол и панорамски и пешачки разглед со стручен водич: Piazza del Plebiscito, Castel Nuovo, Teatro San Carlo, Palazzo Reale, Шпанскиот кварт и стариот дел Spaccanapoli. Слободно време, а во 18:30 часот – поаѓање кон Казерта, со попатна посета на трговскиот центар Campania. Сместување во хотел. Ноќевање.

6

13.10.2026 (вторник) → КАЗЕРТА - МАТЕРА – БАРИ

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Матера, еден од највпечатливите градови во јужна Италија. Разглед на познатите Sassi di Matera, древните пештерски населби и уникатната архитектура по која градот е препознатлив. Слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните часови – поаѓање кон Бари и посета на Базиликата Св. Никола, каде се чуваат моштите на светецот. Трансфер до пристаништето и испловување од Бари во 22:00 часот. Ноќевање на брод.

7

14.10.2026 (среда) → ДРАЧ – БИТОЛА

Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во попладневните часови.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Автобуски превоз на горенаведената релација;
3 НП во Соренто (1.5 km од центарот) во хотел со 3*
1 НП во хотел со 3* во Казерта
Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари - Драч (доплата за 1/4 кабина – 20 € по лице во правец; доплата за 1/3 кабина - 25 € по лице во правец; доплата за 1/2 кабина – 30 € по лице во правец, пријава и уплата со самата резервација во агенцијата)
Посета на Алберобело
Посета на Соренто
Посета на ТЦ “CAMPANIA”
Посета на Бари и базиликата на Св.Никола
ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ без надокнада од Скопје, Велес, Кавадарци и Прилеп;
Организација; водство и реализација на аранжманот

Не е Вклучено

Факултативните излети и посети
Влезниците при посета на културно-историските споменици
Патничкото осигурување
Такса за престој – 2.5 € по лице на ноќ (се плаќа на рецепција)
€385 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации