кападокија
Ballina / Destinacionet / кападокија

кападокија, Кападокија

4.9 (454 vlerësime)
3 netë
Airline Tickets
Кападокија

Përmbledhje e Udhëtimit

Откријте ја магијата на Кападокија – една од најневеројатните дестинации во светот, каде природата и историјата создале пејзажи како од бајка. Импресивните карпести формации, мистичните подземни градови, древните пештерски цркви и спектакуларните изгрејсонца исполнети со стотици шарени балони создаваат доживување што засекогаш останува во сеќавање. Прошетајте низ долините со уникатни вулкански формации, запознајте ја богатата култура и традиција на регионот и уживајте во автентичната турска гостопримливост. Кападокија не е само патување – таа е место каде секој момент изгледа како сцена од сон.




  • Промо цена за резервации до 30.06.2026 → 249 € (15.440 ден.)
  • Редовна цена → 279 € (17.300 ден)




ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

•“Магична Кападокија” (вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич) 65€

•“Срцето на Кападокија” (вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич) 65€

•“Мистична Кападокија” (вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич) 55€

*Пијалокот не е вклучен за време на ручеците


ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”:

“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” → 170 €

КОМБО ПАКЕТ: “Магијата на Кападокија” + Турска вечер → 210 €


ЦЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВНИ АТРАКЦИИ:

  • Лет со балон → од 160-250 € (просечна цена од 2024)
  • *Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би резервирале лет со балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната 10-15 дена пред патувањето.
  • •ATV SUNSET TOUR35€ по лице; трансфери, водич, 2 часа возење, кацига; (мин. 2 лица)
  • •Црвена долина 25€ со залез на сонцето, превоз, локален води; (мин. 6 лица)
  • Турска вечер 45€ - шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич
  • Танц на дервишите30€: церемонија, превоз, локален водич
  • •Коњи на изгрејсонце45€
  • •Камии на изгрејсонце45€
  • •JEEP SAFARI 2 часа → 45€ (цена по лице, за минимум 4 лица)
  • *Резервација и плаќањето на факултативните излети се прави кај нашиот претставник во Турција. За групи до 15 лица, водичот е на Англиски јазик




ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ:

ЛЕТ СО БАЛОН: Во раните утрински часови – можност за лет со балон над Кападокија, со спектакуларен поглед кон „самовилските оџаци“, долините и изгрејсонцето. Летот трае околу 1 час, а по завршувањето се добива сертификат.

(Реализацијата на летот зависи од временските услови)

•МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: Целодневен излет со панорамски поглед кон Ѓореме и Долината на гулабите, посета на работилница за накит и познатиот подземен град Кајмакли. Продолжуваме кон манастирот Селиме и прекрасната долина Ихлара, каде е предвидена прошетка од околу 3,5 км покрај реката Мелендез. Ручек во селото Белисирма и враќање во хотел.

•СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Посета на познатиот Музеј на отворено во Ѓореме, комплекс со цркви издлабени во карпите и зачувани фрески. Продолжуваме кон Аванос, со посета на традиционална грнчарска работилница. По ручекот – разглед на познатите долини Дервент, Зелве и Пашаба, препознатливи по уникатните „самовилски оџаци“. Враќање во хотел.

•МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Излетот започнува со тврдината Учхисар и прекрасните панорамски погледи кон Кападокија. Продолжуваме кон Долината на Трите Убавици, Ургуп и Мустафапаша, поранешната грчка населба Синасос. Посета на традиционален Cave Hotel, со можност за турско кафе или чај. Излетот завршува во Ортахисар, познат по впечатливата карпеста тврдина и панорамскиот поглед. Ручек во локален ресторан и враќање во Ѓореме.

•ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО: Препорачуваме 2 можности :

- “ATV SUNSET TOUR”: Двочасовна авантура со ATV низ прекрасните предели на Кападокија, покрај „самовилските оџаци“, Чавушин, Долината на љубовта и Црвената долина, со уживање во залезот на сонцето.

-“BUS SUNSET TOUR”: организирана посета на Долината на розите и Црвената долина, со панорамски поглед и можност за прошетка низ уникатниот вулкански пејзаж и „самовилските оџаци“.

•ТУРСКА ВЕЧЕР: Традиционална турска вечер во автентичен пештерски амбиент, со фолклорни и ориентални танци, шоу-програма, турско мезе, вечера и неограничени локални пијалоци.

•ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Посета на традиционална дервишка церемонија во автентичниот Saruhan Caravanserai, изграден во 1259 година на некогашниот Пат на свилата.

•ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Едночасовно јавање со искусен водич низ долините на Кападокија и покрај „самовилските оџаци“, во утринските часови со поглед кон изгрејсонцето и балоните.

•ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање камили низ долините на Кападокија, покрај „самовилските оџаци“, со можност за уживање во изгрејсонцето и поглед кон балоните.

•JEEP SAFARI 2 часа: Двочасовна авантура со џип низ помалку познатите предели на Кападокија. Посета на долината Узенги, манастирот Халач и ридот Зиндан, со прекрасни панорамски погледи и можности за фотографирање.




НАПОМЕНИ:

  • -За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.
  • -Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.(Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи (ранч кревет или софа).
  • -За ова патување пасошот треба да има важност минимум 6 месеци по враќање во Македонија
  • -Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.
  • -За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • -Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.
  • -Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
  • -Pegasus го задржува правото на промена на дадените сатници на летовите. Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.

Programi Ditor

1

2

3

4

5

6

Çfarë Përfshihet

E Përfshirë

3 Ноќевања со појадок во Cave/Stone хотел во центарот на Гореме
Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
Прошетка низ Гореме
Посета на трговски центар Форум во Невшехир
Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник на патувањето.
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

Nuk Përfshihet

Патничко здравствено осигурување: 300 ден. (цената важи за лица до 60 години)
Туристичка такса 2€ по лице од ноќ. (се плаќа во агенција)
Доплата за еднокреветна соба: 4200 ден.
Избор на седиште во автобус (освен прв ред): 20€
€279 / për person
Pagesë e sigurt
Mbështetje 24/7 për klientët

Mund të ju pëlqejnë

Destinacione të Ngjashme