Откријте ја магијата на Кападокија – една од најневеројатните дестинации во светот, каде природата и историјата создале пејзажи како од бајка. Импресивните карпести формации, мистичните подземни градови, древните пештерски цркви и спектакуларните изгрејсонца исполнети со стотици шарени балони создаваат доживување што засекогаш останува во сеќавање. Прошетајте низ долините со уникатни вулкански формации, запознајте ја богатата култура и традиција на регионот и уживајте во автентичната турска гостопримливост. Кападокија не е само патување – таа е место каде секој момент изгледа како сцена од сон.
ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
•“Магична Кападокија” (вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич) → 65€
•“Срцето на Кападокија” (вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич) → 65€
•“Мистична Кападокија” (вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич) → 55€
*Пијалокот не е вклучен за време на ручеците
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”:
“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” → 170 €
КОМБО ПАКЕТ: “Магијата на Кападокија” + Турска вечер → 210 €
ЦЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВНИ АТРАКЦИИ:
ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ:
• ЛЕТ СО БАЛОН: Во раните утрински часови – можност за лет со балон над Кападокија, со спектакуларен поглед кон „самовилските оџаци“, долините и изгрејсонцето. Летот трае околу 1 час, а по завршувањето се добива сертификат.
(Реализацијата на летот зависи од временските услови)
•МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: Целодневен излет со панорамски поглед кон Ѓореме и Долината на гулабите, посета на работилница за накит и познатиот подземен град Кајмакли. Продолжуваме кон манастирот Селиме и прекрасната долина Ихлара, каде е предвидена прошетка од околу 3,5 км покрај реката Мелендез. Ручек во селото Белисирма и враќање во хотел.
•СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Посета на познатиот Музеј на отворено во Ѓореме, комплекс со цркви издлабени во карпите и зачувани фрески. Продолжуваме кон Аванос, со посета на традиционална грнчарска работилница. По ручекот – разглед на познатите долини Дервент, Зелве и Пашаба, препознатливи по уникатните „самовилски оџаци“. Враќање во хотел.
•МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Излетот започнува со тврдината Учхисар и прекрасните панорамски погледи кон Кападокија. Продолжуваме кон Долината на Трите Убавици, Ургуп и Мустафапаша, поранешната грчка населба Синасос. Посета на традиционален Cave Hotel, со можност за турско кафе или чај. Излетот завршува во Ортахисар, познат по впечатливата карпеста тврдина и панорамскиот поглед. Ручек во локален ресторан и враќање во Ѓореме.
•ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО: Препорачуваме 2 можности :
- “ATV SUNSET TOUR”: Двочасовна авантура со ATV низ прекрасните предели на Кападокија, покрај „самовилските оџаци“, Чавушин, Долината на љубовта и Црвената долина, со уживање во залезот на сонцето.
-“BUS SUNSET TOUR”: организирана посета на Долината на розите и Црвената долина, со панорамски поглед и можност за прошетка низ уникатниот вулкански пејзаж и „самовилските оџаци“.
•ТУРСКА ВЕЧЕР: Традиционална турска вечер во автентичен пештерски амбиент, со фолклорни и ориентални танци, шоу-програма, турско мезе, вечера и неограничени локални пијалоци.
•ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Посета на традиционална дервишка церемонија во автентичниот Saruhan Caravanserai, изграден во 1259 година на некогашниот Пат на свилата.
•ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Едночасовно јавање со искусен водич низ долините на Кападокија и покрај „самовилските оџаци“, во утринските часови со поглед кон изгрејсонцето и балоните.
•ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање камили низ долините на Кападокија, покрај „самовилските оџаци“, со можност за уживање во изгрејсонцето и поглед кон балоните.
•JEEP SAFARI 2 часа: Двочасовна авантура со џип низ помалку познатите предели на Кападокија. Посета на долината Узенги, манастирот Халач и ридот Зиндан, со прекрасни панорамски погледи и можности за фотографирање.
НАПОМЕНИ:
Состанок на паркингот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во 08:30 часот. Поаѓање во 09:00 часот преку г.п. Богородица, Солун, Кавала, г.п. Ипсала, Текирдаг, Истанбул и Анкара. Дневно и ноќно патување со попатни одмори.
Утринска пауза кај познатото Солено Езеро – Tuz Gölü, едно од најголемите солени езера во Турција. Продолжување кон Кападокија, со попатна посета на трговскиот центар Forum во Невшехир. Пристигнување во Ѓореме околу пладне и сместување во хотел по 14:00 часот. Попладне – прошетка низ Ѓореме: центарот, Римската кула, локалната џамија, Bayrak Tepe и првите погледи кон познатите „самовилски оџаци“. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Ден предвиден за факултативни излети и атракции низ Кападокија. Распоредот и реализацијата на излетите ќе зависат од бројот на пријавени патници. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Продолжување со можност за факултативни излети и активности низ Кападокија. Распоредот ќе биде организиран во зависност од бројот на пријавени патници. Слободно време. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот. Сместување на багажот во автобус и слободно време во Кападокија до 19:00 часот. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот, преку Анкара, Истанбул, Текирдаг, г.п. Ипсала, Кавала, Солун и г.п. Богородица. Ноќно патување со попатни одмори.
Пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните часови.
Може да ве Интересира