ГРЦИЈА

ГРЦИЈА, Парос-Наксос-Миконос

4.9 (535 рецензии)
8 ноќи
Автобуски патувања
Парос-Наксос-Миконос

Галерија

Опис на Патувањето

Егејска бајка меѓу тиркизното море и белите куќи на Миконос и Парос.

Добредојдовте во светот на Кикладите – острови каде секој агол е совршена фотографија. Парос ќе ве освои со својата автентичност, традиционални села и песочни плажи, а Миконос со својата космополитска атмосфера, познатите ветерници и романтичната Мала Венеција. Дополнително, ќе ја почувствувате магијата на антички Делос и ќе го откриете шармот на Наксос – патување исполнето со сонце, историја, вкусна медитеранска кујна и незаборавни моменти.





    • Промотивна цена за уплата до 01.08.2026: 339 € (20.990 ден.)
    • Цена на аранжманот: 389 € (24.120 ден.)
    • (плаќање во денарска противвредност)




ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

  • •Целодневен излет низ Парос (ДЕН 3; автобус + водич) → 40 € (по лице);
  • •Полудневен излет до Наксос → (ДЕН 4; трансфер + брод + водич) → 50 € (по лице);
  • •Kрстарењето со брод, Делос - Миконос (ДЕН 5; трансфер + брод + водич) → 90 € (по лице);


ВАЖНО : Минималниот број на патници за изведување на факултативата е 25.




НАПОМЕНИ:
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето.
  • -Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено.
  • -За патувањето во ЕУ, патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
  • -Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
  • -Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • -Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • -За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Распоред по Денови

1

30.09.2026 (среда) → БИТОЛА

Состанок на групата на Градската автобуска станица во Битола во 17:00 часот. Поаѓање за Грција во 17:15 часот. Патување преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа, со кратки попатни одмори. Ноќно и дневно патување.

2

01.10.2026 (четврток) →ПИРЕА – ПАРОС

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Трансфер до пристаништето во 06:30 часот и поаѓање со BLUE STAR FERRIES во 07:25 часот. Пристигнување на Парос околу 11:30 часот, сместување во хотел и слободно време за одмор или уживање на плажата Ливадија (Livathia). Во вечерните часови – прошетка низ Парикија, главниот град на Парос, со можност за ноќно фотографирање. Враќање во хотел со автобус. Ноќевање.

3

02.10.2026 (петок) → ПАРОС

Појадок. Слободно време или факултативен целодневен излет „Скриената убавина на Парос“. Посета на Парикија – главниот град на островот, црквата Екатонтапилиани („Црквата со 100 врати“), Франкскиот замок и стариот град. Продолжуваме кон живописната Науса, со традиционалното рибарско пристаниште и белите кикладски куќи, а потоа кон планинското село Лефкес и црквата Св. Тројство. Следува посета на Марписа, позната по традиционалната архитектура, капелите и Фолклорниот музеј. Продолжуваме кон Писо Ливади, каде е предвидено слободно време за капење или ручек во локалните таверни. Последна станица е зелената оаза Дриос, позната по локалните земјоделски и традиционални производи. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4

03.10.2026 (сабота) → ПАРОС – НАКСОС

Појадок. Слободно време или факултативен излет со локален водич до Наксос. Поаѓање околу пладне со BLUE STAR. Пловидба околу 1 час. Посета на Хора, главниот град на островот, Храмот на Аполон и Портара – симболот и најфотографираното место на Наксос. Следува посета на Панагиа Дросиани, а во слободното време можност за Археолошкиот музеј, прошетка и шопинг низ Хора или посета на блиските плажи Ниборио и Астир. Враќање на Парос со BLUE STAR во 18:00 часот. Ноќевање.

5

04.10.2026 (недела) → ПАРОС – ДЕЛОС – МИКОНОС

Појадок. Слободно време или факултативен целодневен излет до Делос и Миконос. По 30-минутна пловидба пристигнување на Делос, еден од најзначајните археолошки локалитети во Грција. Посета околу 2 часа. Влезница за локалитетот и музејот – 20 € по лице. Продолжување кон Миконос, каде се предвидени околу 3 часа за прошетка низ Хора, посета на Мала Венеција, познатите ветерници и црквата Парапортиани, како и слободно време. Враќање на Парос во доцните попладневни часови. Ноќевање.

6

05.10.2026 (понеделник) → ПАРОС – ПИРЕА

Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за плажа и прошетка низ Парикија. Трансфер до пристаништето во 18:30 часот и поаѓање со траект за Пиреа во 19:15 часот. Пристигнување околу 23:30 часот и поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови наредниот ден.

Што е Вклучено во цената

Вклучено

Автобуски превоз на горенаведената релација
Ferry трансфер (deck – седишта) на релација Пиреа – Парос – Пиреа
4 ноќевање со појадок во хотел со 3* на Парос
ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Скопје, Велес, Прилеп, Струга и Охрид
Tрансфер со автобус од пристаниште во Парос – хотел – пристаниште
Oрганизација водство и реализација на аранжманот

Не е Вклучено

Факултативните излети и посета
Влезниците при посета на културно-историските споменици
Туристичката такса за хотелот (се плаќа на лице место; 5 € по соба – на ноќ)
Патничкото осигурување (290.00 ден. по лице)
€339 /по лице
Безбедно плаќање
24/7 поддршка на клиенти

Може да ве Интересира

Слични Дестинации